Sunday, April 1, 2012

Стивен Џерард:Фудбалски мајстор!

Стивен Џерард, роден во Виштон,Англија е играч кој го остава срцето на теренот, се бори за својот клуб, го сака и највеќе се радува на погодоците на неговиот клуб.
Ја помина младоста на Енфилд и одби суми кој ќе го направеа најбогат и најплатен фудбалер во историјата.Фудбалер од прва класа, може да игра на секоја позиција.
Ги има постигнато едни од најубавите голови во Премиер Лигата и пошироко, има нафрлено повеќе од 200 асистенции, додадено повеќе од 1 милион точни пасови,има освоено многу титули со Ливерпул, но само 1 голема титула со својот клуб-титулата од Лигата на Шампионите.
Ливерпул е голем клуб, со голема историја.Клуб кој броел фантастични фудбалери, трофеи итн.
Но во последните 15 години малку заостанува со трофеите, во 2005 година го освоија трофејот на УЕФА, трофејот за најдобар клуб во Европа-Трофејот од Лигата на Шампионите.
Со тоа ја освоија петтата нивна титула во Лигата на Шампионите.
Најголемата понуда што ја има одбиено Стивен Џерард за трансфер е понудата од 85 милиони евра која му ја понуди Реал Мадрид.
Но тој остана верен на тимот од Мерсајд, го сакаше и сеуште го сака.
Тоа е капитен, лидер, легенда, мајстор.
Негов сон е да ја освои Премиер Лигата со Ливерпул, но доколку останат вака работите тешко, доколку пристигне подобар менаџер, ќе биде полесно.
Кени Далглиш засега е на кормилото на Ливерпул, тој е легенда на Ливерпул.
Многу работи за Ливерпул направил како играч, освоил 7,8 титули и како менаџер, но сепак, не се снаоѓа многу добро со професијата менаџер.
Затоа според нас би требало да дојде некој како Рафа Бенитез, кој веројатно ќе се врати на кормилото на Ливерпул летово.
Но, да се навратиме кај Стивен Џерард.
Еве едно видео во кое можете да ја видите мајсторијата на легендата-Стивен Џерард.
Видеото може да го погледнете кликнувајќи на линков:
http://www.youtube.com/watch?v=0rt34BTRYTw