Sunday, March 18, 2012

Фудбалот во Европа денес.


Автор: Љупчо Илиев.
Фудбалот во Англија денес и вчера:
Вчера, т.е. 17 Март од Премиер Лигата беа одиграни:
Фулам 0-3 Свонси и Виган Атлетик 1-1 Вест Бромвич Албион.
На дуелот Фулам-Свонси, во 36 и 67 минута Сигурдсон постигна голови за резултат од 0-2, па во 78 минута, Ален ги постави конечните 0-3 за Свонси.
Денеска во Премиер Лигата, Волвес беше поразен од страна на Манчестер Јунајтед со екстремно големи 0-5.
Во 21 минута голеадата ја отвори Еванс, па потоа крајот на првото полувреме заврши со 0-3, односно со погодоците на Валенсија во 43 и Велбек во 45 минута.
Во второто полувреме Хернандес т.е. Чичарито го постигна конечниот резултат со погодоците во 56 и 61 минута.
Њукасл на домашен терен го совлада Норвич со погодокот на Сисе во 12 минута.
Во ФА Купот на Англија,
Челси го совлада Лејчестер со 5-2, најефикасен беше Фернандо Торес кој постигна 2 гола и нафрли 2 асистенции.
На другата средба од ФА Купот, Ливерпул го совлада Стоук на Енфилд со 2-1.
Погодоците за Ливерпул беа дела на Суарез и Даунинг, а голот за Стоук го постигна поранешниот играч на Ливерпук, Питер Крауч.

Серија А, односно фудбалот во Италија денес беше вака:
Интер разочара со 0-0 на домашен терен против Аталанта,а Милан и Јувентус остварија гостински победи со 0-2 односно 0-5. Парма 0-2 Милан, Фиорентина 0-5 Јувентус.
Лацио загуби од Катанија со 1-0, а погодокот беше дело на Љегротаље во 80 минута.
Останатите дуели од Серија А-
Каљари 3-0 Чезена;
Болоња 2-2 Киево;
Лече 1-1 Палермо;
Сиена 0-2 Новара.
Дуелот Удинезе-Наполи е во тек.

Во Ла Лигата вчера и денес беше вака:
Гетафе 1-0 Реал Сосиедад;
Гранада 2-1 Спортинг Гијон;
Реал Сарагоса 1-1 Осасуна;
Рајо Валекано 3-0 Реал Бетис.
Севиља загуби од Барселона со 0-2, а головите беа дела на Меси и Чави.
Атлетико Билбао, кој располага со млади играчи и го елиминираше големиот Манчестер Јунајтед од Лигата на Европа, разочара со поразот од 0-3 на домашен терен кој им го нанесоа фудбалерите на Валенсија.
Леванте го совлада Виљареал со 1-0.
А Маљорка го совлада Атлетико Мадрид со 2-1, головите за Маљорка беа дела на Переира и автоголот на Годин, а за Атлетико Мадрид стрелаше Фалкао кој 9 минути пред погодокот промаши пенал.
Во моментов се игра дуелот Реал Мадрид-Малага, а утре ќе одиграат и Еспањол-Ресинг Сантандер.

Во Бундес Лигата ова коло беше вака:
Хофенхејм загуби од Штутгарт со 1-2 на домашен терен, додека пак Аугзбург го совлада Мајнц со 2-1.
Баер Леверкузен загуби со 1-2 од Монхенгладба, додека Шампионот на Германија-Борусија Дортмунд го совлада Вердер Бремен со 1-0, а погодокот беше дело на Кагава.
Хамбургер загуби со 1-3 од Фреибург, а Нурнберг загуби со истиот резултат од Волфсбург.
Херта загуби од фантастичниот Баерн Минхен со 0-6, кој во последните 3 натпревари постигна 20 погодока и прими само 1, а и тој 1 беше автогол.
Кајсерслаутнер загуби од Шалке со 1-4, а Хановер го победи Колоње со 4-1.

No comments:

Post a Comment