Sunday, December 2, 2012

Анжи подготвува мега-понуда за Торес?

Автор: Љупчо Илиев.

(Торес прославува гол во дресот на Челси оваа сезона)
Според пишувањата на Руските медиуми, Анжи подготвува мега-трансфер кој би требало да се реализира во зимскиот трансфер период.

Според Руските медиуми, Анжи на Челси ќе му исплати 35 милиони евра за услугите на шпанецот. Челси е во потрага по напаѓач, а тоа би требало да значи и крај на Фернандо Торес во "синиот" дрес, а и 35 милиони евра се прифатлива цена имајќи ја во предвид слабата форма на Торес.

Доколку понудата биде прифатена и Торес замине во Анжи ќе има неделна
плата од 300.000 фунти, односно околу 15 милиони евра годишно.

No comments:

Post a Comment