Monday, December 3, 2012

"Заминувањата на Ибра и Касано помогнаа многу во мојот напредок."

Автор: Љупчо Илиев.


(Стефан Ел Шаарави прославува еден од неговите погодоци оваа сезона)

Младиот италијански супер-талент, Стефан Ел Шаарави смета дека заминувањето на Ибра и Касано односно големата промена на тимот многу помогнала во неговиот напредок.

"Со заминувањата на Ибра и Касано јас веднаш добив повеќе слобода за игра.
 Јас ја започнав сезоната на најдобар можен начин. Кај мене има голем напредок." -изјави Ел Шаарави за официјалната веб-страна на УЕФА.

Потоа италијанецот му се заблагодари на Масимо Алегри за тоа што имаше доверба во него уште од кога пристигна во Милан во 2011 година.

"Јас чувствувам дека тој има доверба во мене, а тоа го заклучив уште минатата сезона кога забележав 28 настапи." -продолжи италијанецот.

"Оваа година се почувствував уште по поласкан, бидејќи првите два натпревари во
 Сериа А оваа сезона не ги одиграв добро, но тој не ја изгуби довербата во мене. Јас многу му се заблагодарувам за тоа."

Оваа сезона во рамките од Сериа А, Ел Шаарави одигра 15 натпревари и постигна 12 голови.

1 comment:

  1. Неодамна го купивме нашиот дом со помош на г-дин Бенџамин Ли, службеник за заем кој ни помогна мене и мојот сопруг со заем од 5.000.000,00 УСД и целото искуство беше без стрес и не остави неверојатно задоволни. Бевме надвор од државата, но далечината не беше проблем и г-дин Бенџамин Ли секогаш беше достапен за дискусија. Силно препорачуваме г-дин Бенџамин Ли и неговиот тим за активна должност на барателите на заем да го користат г-дин Бенџамин Ли на секаков вид заем. Г-дин Бенџамин Ли Информации за контакт, е-пошта: 247officedept@gmail.com

    ReplyDelete