Thursday, May 24, 2012

Уефа ЕВРО 2012

Автор:Љупчо Илиев.


Полека но сигурно се ближи 8 Јуни, ден кога започнува Европското Првенство во фудбал.
Веќе почнаа тренинзите на фудбалерите со своите репрезентации, објавувањето на прелиминарните состави, рекламите и најавите за ЕВРО 2012.
Групите се 4 и содржат по 4 репрезентации.
Оние репрезентации кој ќе се пласираат на 1 и 2 место во својата група влегуваат во 1/4 финалето.

Фазата во Групи:

Група А:
-Полска;
-Грција;
-Русија;
-Чешка.
Група Б:
-Холандија;
-Данска;
-Германија;
-Португалија.
Група Ц:

-Шпанија;
-Италија;
-Ирска;
-Хрватска.
Група Д:
-Украина;
-Шведска;
-Франција;
Англија.

Фаворити за титулата

Главни фаворити за титулата во ЕП 2012 се: Шпанија, Холандија, Германија, Англија, Португалија, Франција и Италија од кој најголем се разбира е актуелниот Европски и Светски шампион Шпанија.

Стадион за финале

Финалето ќе се игра на Олимпискиот стадион во Киев.
Еве две слики од Олимпискиот стадион:

 Топката

Инаку, топката со која ќе се играат натпреварите од Европското Првенство се вика
Танго 12 и е најновата топка на Адидас.Топката е удобна и со неа многу подобро оди дриблањето и контролата на топката, со што стана поневеројатна и подобра од Адидас Јабулани.
Еве слика од топката (Танго 12):











Судии

Главни судии на првенството ќе бидат:Хауард Веб(Англија),
Стефане Леној(Франција), Волфганг Штарк(Германија), Виктор Хасај(Унгарија), Никола Рицоли(Италија), Бјерн Куиперс(Холандија), Педро Проенча(Португалија), Крег Томсон(Шкотска), Дамир Скомина(Словенија), Карлос Веласчо Карбало(Шпанија), Жонас Ериксон(Шведска), Кунејт Чакир(Турција).

Помошни судии на првенството ќе бидат:Мајкл Муларкеј и Питр Киркуп(Англија).
Ерик Дансаулт и Фредерик Кано(Франција). Јан-Хедрик Салвер и Мике Пикел(Германија).
Габор Ерос и Гиорги Ринг(Унгарија). Ренато Фаверани и Андреа Стефани(Италија).
Сандер Ван Роекел и Ервин Зеинстра(Холандија).Бертино Миранда и Рикардо Сантос(Португалија).Аласдаир Рос и Дерек Роус(Шкотска).Примоз Архар и Марко Станчич(Словенија). Роберто Алонсо Фернандез и Хуан Карлос Јусте Жименес(Шпанија).
Стефан Видберк и Матјас Класениус(Шведска). Бахатин Дуран и Тарик Оргун(Турција).
Стендбај помошни судии (ќе судат како помошни судии доколку некој од помошните судии се разболи, повреди или заради друга причина неможе да суди):
Стефен Чилд(Англија), Михел Анонијер(Франција), Марк Борш(Германија), Роберт Киспал(Унгарија), Лука Маџијани(Италија), Норбертус Симонс(Холандија).
Тиаго Триго(Португалија), Граам Чамберс(Шкотска), Матеј Жунич(Словенија), Исус Калво Гуадамуро(Шпанија), Фредрик Нилсон(Шведска), Мустафа Емре Ејисој(Турција).

Маскоти

Маскотите на ЕП 2012 се познати веќе пред околу 1 до 2 години.Тие се викаат Славек и Славко и се претставени како близнаци.








Трофејот

Трофејот кој ќе биде доделен на победникот на првенството се вика Анри Делаунај и е тежок од 5 до 7 килограми.












No comments:

Post a Comment