Освојувачот на Лига Европа, Атлетико Мадрид ги посакува младите фудбалери на Барселона. Дел од тие за кој се заинтересирани од Атлетико се Кристијан Тељо, Марк Муниеса и Серхио Роберто.
Најпознат и најдобар од наведените е Тељо кој оваа сезона успеа брзо да се вклопи во составот на Каталонците, а исто така постигна 2 погодока против Баер Леверкузен во 1/8 финалето од ЛШ.
Марк Муниеса е добар како централен дефанзивец така и како лев бек.Тој наликува на Пујол и изгледа како ветувачки дефанзивец за Барселона за некој 2 до 3 години.Серхио Роберто е плејмејкер, а на Атлетико му треба фудбалер на таа позиција бидејќи Диего најверојатно ќе се пресели во Ливерпул или ќе се врати во Волфсбург.Сите овие играчи:Муниеса, Тељо и Серхи имаат по 20 години.

Исто така, од Атлетико се заинтересирани и за 27-годишниот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Ласана Диара. Жозе Мурињо го нема ставено во план Диара за наредната сезона, па Французинот не се противи да замине во Атлетико Мадрид, но исто така е заинтересиран и за понудите добиени од Ливерпул и Интер.


No comments:
Post a Comment