Автор: Љупчо Илиев.
Лацио се спремни да го доведат менаџерот на Челси, Роберто Ди Матео доколку тој го напушти Стемфорд Бриџ на лето.
На 10 март, Абрамович го отпушти Андре-Вилаш Боаш и го назначи Ди Матео за менаџер на Челси, одтогаш поминаа 10 недели, а Челси го освои Фа Купот и стигна до финалето на ЛШ, поминувајќи ги Наполи, Бенфика и Барселона.
Покрај инзвонредните резултати, Роман Абрамович сеуште се мисли дали по крајот на сезоната да го остави Роберто Ди Матео на кормилото на Челси.
Роберто Ди Матео има играно за Челси, а исто така и во Лацио.
Тој вели дека доколку го напушти Челси, би сакал да седне на кормилото на Лацио.
Деновите на Едоардо Реја како менаџер на Лацио му се пребројуваат одкога го испушти третото место од Серија А со што наредната сезона тимот од Рим нема да настапува во квалификациите од ЛШ туку ќе игра во ЛЕ.
Така да, најверојатно е дека доколку Ди Матео го напушти Челси ќе замине во Лацио.

No comments:
Post a Comment