Автор:Љупчо Илиев.
25 Мај:
Пријателските фудбалски натпревари од 25 мај завршија, Русија на домашен терен успеа да извади нерешен резултат против Уругвај, мечот заврши 1-1.Резултатот го отвори Луис Суарез во 48 минута со погодокот со левата нога.Само една минута траеше водството на Уругвај, бидејќи во 49 минута Киржаков погоди за 1-1, а асистент беше Ширков.
Хрватите на домашен терен ја победија репрезентацијата на Естонија со 3-1, а погодоците беа во 16, 20, 81 за Хрватска и 83 за Естонија.За Хрватска гол постигнаа Чорлука, Калинич и Вукојевич, а за Естонија стрелец беше Василјеев. Црна Гора успеа да извади реми на гостувањето кај Белгија, завршувајќи го мечот со убави 2-2. Црна Гора неочекувано рано поведе, уште во 5 минута со голот на Вучинич.А, потоа Миралаш во 25-тата и Хазард од пенал во 34 минута донесоа пресврт за Белгија.Во 75 минута Дринчич кој инаку беше асистент на голот на Вучинич постигна гол и ја спаси Црна Гора од пораз.Натпревар со најмалку голови беше оној во Мароко, каде што домапната екипа загуби со 0-1 од Сенегал, а единствениот погодок беше дело на Конате.
Додека натпреварот Египет - Замбија беше одложен.
26 Мај:
Од натпреварите од 26 мај засега се одигра само натпреварот Коста Рика - Гватемала во кој победи домашниот тим со 3-2.Руис во 4 минута погоди за водство на Гватемала, а во 24 минута Лопез постигна автогол за резултат од 1-1, па во 36 за пресврт погоди Санчез.Во 38 минута репрезентативецот на Коста Рика, Умана доби црвен картон па тоа го искористи Руис и во 54 минута погоди за 2-2.Сепак, во 77 минута Гонзалез постигна гол за 3-2 водство на Коста Рика, а во 91 минута Леон од Гватамела доби црвен картон.
Во текот на денешниот ден ќе се одиграат и натпреварите:
16:00 часот (Ирска-Босна и Херцеговина)
17:00 часот (Полска-Словачка)
18:00 часот (Швајцарија-Германија)
18:00 часот (Португалија-МАКЕДОНИЈА)
19:00 часот (Камерун-Гвинеја)
20:00 часот (Турција-Финска)
20:00 часот (Холандија-Бугарија)
20:15 часот (Чешка Република-Израел)
20:30 часот (Грција-Словенија)
20:45 часот (Норвешка-Англија)
No comments:
Post a Comment