Tuesday, May 22, 2012

Оклахома го реши Лејкерс, Бостон поведе со 3-2

Автор:Љупчо Илиев.

Оклахома Тандерс во утринските часови го победи Лејкерс со 106-90 и со 4-1 во серии стигна до финалето на конференцијата кое ќе го игра против Сан Антонио Спарс кој со 4-0 го отфрли Лос Анџелес Клиперс.
Селтикси победија со 101-85 над Филаделфија и поведоа со 3-2 во серии.
Најуспешен во дресот на Бостон Селтикс изминатата вечер беше Брендон Бас со 27 поени, а највеќе асистенции имаше очекувано еден од најдобрите асистенти во НБА лигата, Ражон Рондо.
Во мечот Лејкерс-Оклахома најдобар поентер беше Коби Брајант кој забележа 42 поени, но сепак не беа доволни за победа на неговиот тим.
Рекордери на ноќта:
Поени: Коби Брајант (42 поени) /играч на Лос Анџелес Лејкерс/
Асистенции:Ражон Рондо (14 поени) /играч на Бостон Селтикс/
Скокови:Пау Гасол (16 скока) /играч на Лос Анџелес Лејкерс/
Блокади:Сержи Ибака (3 блокади) /играч на Оклахома Тандерс/
Украдени топки:Андре Игудала (3 украдени топки) /играч на Филаделфија/
Погодени тројки:Кевин Дурент (3 погодени тројки) /играч на Оклахома Тандерс/

No comments:

Post a Comment