Автор:Љупчо Илиев.
Роберто Манчини направи список на фудбалери од кој би сакал да се ослободи ова лето.
Списокот го сочинуваат фудбалери за кој се заинтересирани Реал Мадрид, Јувентус, Ливерпул а можеби и некој други клубови.
Списокот засега е следен: Един Џеко, Коло Туре, Нигел Де Јонг, Адам Џонсон, Овен Харгавес.
Един Џеко беше многу важен фудбалер во најважниот натпревар за Сити сезонава, кој не изгледаше како тежок натпревар но во деведесетите минути беше шокирачќи и Џеко постигна еден од двата гола кој за три минути ги постигнаа "граѓаните" и стигнаа до трофејот од Премиер Лигата.Покрај тоа Џеко постигна вкупно 17 голови во 46 настапи за тимот од Манчестер.Сепак, Роберто Манчини го стави 26-годишниот Босанец на списокот на играчи кој треба да си заминат од Манчестер Сити.
За Един Џеко се заинтересирани Реал Мадрид и Јувентус.За Адам Џонсон се интересира Ливерпул, а за Коло Туре, Савич и Харгавес засега никој.
Сепак, списокот сеуште не е целосен.Роберто Манчини најави дека во чистката ќе се приклучат уште некои фудбалери кој ќе треба да си заминат.

No comments:
Post a Comment