Wednesday, October 31, 2012

Давид Виља: Сакам да играм редовно!

Автор: Љупчо Илиев.

Искусниот шпански напаѓач, ги насочува целите кон враќање во првиот тим, кој го изгуби поради скршеницата на ногата.

Најдобриот стрелец во историјата на шпанската репрезентација, и еден од најдобрите напаѓачи што Шпанија некогаш ги видела, Давид Виља посакува враќање во првиот тим.

"Како и секој друг фудбалер, сакам да играм што е можно повеќе". 

"Играм во најдобриот клуб во светот и да играш тука е многу тешко. Играме многу натпревари и постојат многу натпреварувања. Јас сум му на располагање на тренерот во секое време."

"Јас сум задоволен од мојот перформанс против Алавес. Јас се враќам во форма и тоа е добро за мене, се чуствувам добро на теренот."


Tuesday, October 30, 2012

Адриан: Фалкао е гол машина!

Автор: Љупчо Илиев.

Шпанскиот интернационалец има само пофални зборови за Фалкао, а исто така вели дека е задоволен од престојот во Атлетико Мадрид.

"Ние не обрнуваме внимание на тоа што велат медиумите во врска со иднината на Фалкао, а не се грижи ниту пак тој, но нормално е да зборуваат бидејќи тој е гол машина!"

Покрај изјавата во врска со Фалкао, тој додаде:

"Јас сум многу среќен тука и сакам да го направам најдоброто што го можам за тимот."

Инаку, Адриан има договор со Атлетико Мадрид до Јуни 2015 година.

Monday, October 29, 2012

ФА донесе одлука!

Автор: Љупчо Илиев.

ФА (Фудбалската Асосијација на Англија) донесе одлука на Марк Клетенбург да му се одземат правата за судење на натпревар во Премиер Лигата, известуваат Англиските медиуми.

Околу натпреварот Челси-Манчестер Јунајтед се дигнаа бурни реакции и во центарот на вниманието беше судијата Марк Клетенбург.

Според Англиските медиуми, ФА донела одлука на Марк Клетенбург да му се одземе правото за да суди натпревари во Премиер Лигата и натпреварот кој се одигра вчера беше последен за Марк Клетенбург како судија.

Џон Оби Микел, фудбалерот на Челси откри дека за време на натпреварот, судијата Марк Клетенбург го нарекол мајмун, а од Челси известија дека Клетенбург го навредил и Мата нарекувајќи го "шпанско џуџе".

Откупната клаузла на Иско стигна до £32.000.000

Автор: Љупчо Илиев.

Младиот Иско го продолжи договорот со Малага и откупната клаузла стигна до 32 милиони фунти (£32.000.000) .

Ова е лоша вест за Тотенхем, Ливерпул, Арсенал и Манчестер Јунајтед кој се заинтересирани за талентираниот шпанец и спремни да одвојат некаде околу 15 до 22 милиони фунти.

Сепак, не треба да значи дека заинтересираните клубови за Иско ќе се откажат и младиот шпанец ќе остане во редовите на Малага.

Манчестер Јунајтед има многу заработено од спонзори и трофеи, па доколку сака може да одвои пари за него, а истото го може и Ливерпул чии газди се спремни за зимскиот трансфер рок да одвојат 40 милиони фунти, додека Арсенал и Тотенхем се клубови кој заработија многу од продадените фудбалери па би можеле да си го дозволат Иско.

Јепес: Палермо не ѐ лесен плен!

Автор:Љупчо Илиев.

Ветеранот на Милан, Марио Јепес предупреди дека ги очекува тежок тест и од своја страна чувствува дека треба да ги преземе работите во свои раце.

"Росонерите" ја победија Џенова со 1-0 на "Сан Сиро" викендов и се искачија на 11 позиција на табелата од Серија А, додека Палермо одигра 0-0 на гостувањето кај Сиена и се наоѓа на 18 позиција на табелата.

Сепак, Јепес предупреди дека Палермо нема да биде лесен противник и дека Милан ќе треба доста да се намачи доколку сака да ги земе 3 бода на гостувањето во Сицилија на "Стадио Ренцо Барбера".

"Натпреварот против Палермо ќе биде тежок. Тие го сменија менаџерот и начинот на играта,а плус и тешко е кога се игра таму."

"Победата против Џенова е посветена на сите што се поврзуваат со Милан, персоналот и фановите. Сега ние треба да ги посочиме мислите кон следниот натпревар и да не размислуваме за тоа колку ни помогнала победата од изминатиот викенд."

Thursday, October 25, 2012

Јагиелка:Нема фаворит на дербито!

Автор:Љупчо Илиев.
Дефанзивецот на Евертон, Фил Јагиелка вели дека нема фаворит на познатото "Мерсисајд дерби"!

"Ние имавме одличен старт, нема фаворит, но ние имавме подобар старт од Ливерпул."

"Тоа е очигледно кога ќе се погледне во лигата."

"Кога ќе дојде до споредба, ќе воочите колку вложуваме ние а колку они. Јас мислам дека овде нема фаворит."

"Што се однесува до формата, ние ќе влеземе во натпреварот со повеќе поени што е еден вид одговор на прашањето."

"Но јас видов многу дербија, и воочив дека формата и се останато не е важно кога доаѓа дербито, едноставно нема фаворит и дербито е поразлично од обичните натпревари."

Евертон моментално е во подобра форма, но Ливерпул победува на последните 3 меча по ред на "Мерсисајд дербито" (0-2 *Суарез,Керол), (3-0 *Џерард), (2-1 *Суарез, Керол, Јелавич).
Исто така, Ливерпул на "Мерсисајд дербито" има 302 гола, додека Евертон 250 (72 повеќе), а и има повеќе победи во меѓусебните дуели со што статистиката е на страната на "црвениот" дел од градот!

Фергусон: Чичарито ме замисли!

Автор:Љупчо Илиев.
По одличната партија и двата гола на Чичарито на натпреварот против Брага, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон размислува околу тоа Чичарито да добие свое место во стартните 11 на Манчестер Јунајтед.

"Детето се подобрува се повеќе и повеќе"-изјави шкотланѓанецот за ITV. "Тој се покажува се подобро и подобро и неговата врска со голот е фантастична."

Wednesday, October 24, 2012

Ферги го посакува Гундоган?

Автор:Љупчо Илиев.
По доведувањето на Шинџи Кагава од редовите на Борусија Дортмунд, очигледно дека на Сер Алекс Фергусон не му е доста со пазарување на таа релација па оди кон потписот на младиот талентиран Илкај Гундоган!

Талентираните фудбалери на Борусија Дортмунд последниве две години ја шокираат Европа и Светот, и најверојатно ќе бидат едни од најдобрите фудбалери во иднина.
Раководството на "милионерите" прави паметен потег последниве години, со доведување на млади таленти. Тие таленти ги вади од никаде, а со тек на време стануваат фудбалери кој се посакувани од страна на најголемите Европски клубови!

Таков пример е 22-годишниот германец со турско потекло, Илкај Гундоган, за кој според англиските медиуми е заинтересиран искусниот лисец, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон!

Видео од игрите на Илкај Гундоган:
www.youtube.com/watch?v=h6fIt7JETo0

Денешниот тренинг на Ливерпул пред дуелот со Анжи! (ФОТО)

Автор:Љупчо Илиев.
Фудбалерите на Ливерпул го одбележаа првиот тренинг пред утревечерниот дуел од рамките на ЛЕ против руската екипа Анжи Макачкала.









Tuesday, October 23, 2012

Ериксен го одбил Манчестер Сити за 10 секунди!

Автор:Љупчо Илиев.
De Telegraff откриваат дека Кристијан Ериксен изминатово лето добил понуда од Манчестер Сити, но не размислувал повеќе од 10 секунди, едноставно веднаш ја одбил понудата.
Кристијан Ериксен воодушевуваше со неговите фантастични настапи минатата сезона, а низ летниот трансфер рок за него беа заинтересирани и "Црвените Ѓаволи". Сепак, двата клуба од Манчестер не успеаа да го доведат 20-годишниот Дански репрезентативец, а тој сега се поврзува со Ливерпул кој во Јануари би можел да исплати 20 милиони фунти за неговите услуги.

"Тој не е заинтересиран за пари"-пренесуваат од De Telegraff.


"Тој одбра да остане тука, бидејќи смета дека Ајакс е добар за неговиот развој. Тој има одлични односи со Франк Де Боер и ужива во Амстердам."

"Кристијан не размислуваше повеќе од 10 секунди за понудата на Манчестер Сити."

Мертезакер: Премиер Лигата е најдобра во светот!

Автор:Љупчо Илиев.
Дефанзивецот на Арсенал, Пер Мертезакер верува дека Премиер Лигата е најсилното натпреварување во светот.
28-годишниот германец, на 31 Август 2011 година се збогуваше со Вердер Бремен и премина во редовите на Арсенал.
Иако не се снајде баш најдобро во престојот кај "топџиите", Пер Мертезакер вели дека Премиер Лигата е најсилното натпреварување.

"Знаете, германската бундеслига е подобрена последниве неколку години, и тоа е мошне добра лига, но најдобрата во светот според мене е Премиер Лигата.-вели тој за Sunday Express.

"Тоа е поради физичката сила. Ти мораш да се фокусираш на секоја гледна точка во секој натпревар. На неколку натпревари минатата сезона неможев да се снајдам баш најдобро. Потоа, јас работев на тоа, и го научив брзо."

"Во Германија повеќе се работи за предвидување , позиционирање, и покривање на соиграчот. Во Премиер Лигата мораш да се фокусираш на твоето тело и да бидеш подготвен за се што доаѓа до тебе и да одиш на еден-на-еден борба со противничкиот играч. Тоа е забавно"-
завршува Мертезакер.

Monday, October 22, 2012

Левандовски:Не ме плаши Реал Мадрид!

Автор:Љупчо Илиев. 
Во Среда во рамките на ЛШ, силите ќе ги мерат Борусија Дортмунд и Реал Мадрид.
Во пресрет на ова дерби, Роберт Левандовски вели дека не е исплашен од мадридските "кралеви".

"Не се плашам од нив, ве уверувам во тоа. -вели Левандовски."

"Знам се за играта на нивните дефанзивци, но не се плашам од нив."

"Натпреварот нема да биде лесен, но се надевам дека тоа ќе биде спектакл кој ќе заврши со наша победа." - дополнува пољакот."


+ИНФО
Реал Мадрид има одиграно 23 натпревари во Германија, а победил само на 1. 
 Дуелот во кој Реал Мадрид победил било гостувањето кај Баер Леверкузен пред 12 години, а има уште шест нерешени и дури 16 загубени натпревари.
Реал Мадрид и гостувал на Борусија Дортмунд два пати, а дуелите завршиле нерешено -
(0:0 и 1:1).

Остана историја!

Автор:Љупчо Илиев.

На денешен ден, 1964 се роди Дражан Петрович. Од тогаш, историјата започна...
Дражан Петрович, е легендарен НБА кошаркар, кој низ својата НБА кариера има настапувано за Портланд Трајблејзерси и Њу Џерси Нетс. Пред тоа, тој ги бранеше боите на КК Реал Мадрид, КК Цибона и КК Шибеник.
Со репрезентацијата на Југославија освои бронзен и сребрен медал на Олимписките игри во 1984 и 1988 година, а со Хрватска сребрен медал во 1992 година.
Додека во 1985 година ја прими "златната значка на Спортот", награда за најдобар спортист во Југославија.
А почина во сообраќајна несреќа во Германија, на кобниот 7 Јуни 1993 година.

“Во мојата кариера нема никакви тајни. Се што постигнувам го постигнувам со работа. Ги повторувам вежбите секој ден. Тренирам 4-5 сати кога патувам. На припремите и повеќе. Големата самодоверба ја на
дградувам со техниката. Работам секојдневно. Не знам како работат другите, но мислам дека работам добро. Талентот го респектирав до 16тата година, по тоа и се поклонив на напорната работа. Работата ме држи во живот. Секој ден тренирам долго и напорно.“  - Дражан Петрович.

“Да се пофалам. Се сметам за еден од најдобрите тројкаши на сите времиња, но сепак постои еден подобар. Станува збор за Дражан Петрович.“  - Реџи Милер.

*ПЛУС ИНФО
Во чест на Дражан Петрович, Њу Џерси Нетс го забранија дресот со број 3 во нивниот клуб и по Дражан никој во Нетси неможе да го облече тој дрес.

Анчелоти: Нема да има Јануарска понуда за Рибери!

Автор:Љупчо Илиев.











Менаџерот на францускиот ПСЖ, Карло Анчелоти, ги демантира шпекулациите дека во Јануари ќе го доведе 29-годишниот французин, Франк Рибери!
 "Не е вистина дека Рибери би можел да дојде во ПСЖ"-вели Анчелоти. "Тој е многу добар играч, но неможам да најдам место во тимот за него."
"Јас имам многу играчи на оваа позиција, а и очекуваме некого"-додаде 53 годишниот стратег.

Tuesday, October 2, 2012

Дали знаеш што мислам? (2012/13)

Aвтор:Љупчо Илиев.
Дали знаеш што мислам, се факти за новата сезона, и за тоа кој би освоил она ова и така натаму...
Погледнете ги фактите:
2.Дали ова значи дека Роналдо ќе биде добитник на златната топка? 



3.Дали Манчестер Јунајтед ќе ја освои сезоната 2012/13?
Факт кој на Манчестер Јунајтед би му годел е тоа дека во сезона 2008/09 завршија први, 2009/10 завршија втори, 2010/11 завршија први, 2011/12 завршија втори... 1,2,1,2...знаеме дека следен број во ова броење е 1, но останува да видиме дали Манчестер Јунајтед ќе ја освои титулата...

4.Ливерпул има уште еден факт кој ги води до титулата!
Последен пат кога Тотенхем триумфирал на "Олд Трафорд", Ливерпул ја освоил титулата од Премиер Лигата... Дали знаеш што мислам? If you know what i mean?

5.Факт кој го води Реал Мадрид до титулата од ЛШ (Лига на Шампиони) ?
Последен пат кога Реал Мадрид во првите 4 кола имал 4 бода од можните 12, ја освоил Лигата на Шампионите, тоа беше 2002, а да видиме дали во 2012 историјата ќе се повтори.






Дали Рамос ќе го напушти кралскиот двор?

Автор:Љупчо Илиев.
Се поголеми се шпекулациите дека Серхио Рамос е незадоволен во Реал Мадрид и дека би потпишал со некој друг клуб.
Да, силни се шпекулациите за негово заминување, но не е утврдена вистинската причина поради незадоволството на еден од најдобрите играчи на Реал последната деценија!
Исто така доаѓаат вести кој наводно велат дека негова следна дестинација би била, не би верувале, најголемиот ривал Барселона!
Но пред неполн час пристигнаа шпекулации дека и Абрамович е заинтересиран за Рамос!
Насекаде се говори околу наводното незадоволство на Серхио Рамос, но дали сето ова се само шпекулации, или пак "Кралевите" и Рамос не успеаа ова да го задржат во тајност незадоволството на шпанецот останува да видиме!