Автор:Љупчо Илиев.
De Telegraff откриваат дека Кристијан Ериксен изминатово лето добил понуда од Манчестер Сити, но не размислувал повеќе од 10 секунди, едноставно веднаш ја одбил понудата.
Кристијан Ериксен воодушевуваше со неговите фантастични настапи минатата сезона, а низ летниот трансфер рок за него беа заинтересирани и "Црвените Ѓаволи". Сепак, двата клуба од Манчестер не успеаа да го доведат 20-годишниот Дански репрезентативец, а тој сега се поврзува со Ливерпул кој во Јануари би можел да исплати 20 милиони фунти за неговите услуги.
"Тој не е заинтересиран за пари"-пренесуваат од De Telegraff.
"Тој одбра да остане тука, бидејќи смета дека Ајакс е добар за неговиот развој. Тој има одлични односи со Франк Де Боер и ужива во Амстердам."
"Кристијан не размислуваше повеќе од 10 секунди за понудата на Манчестер Сити."

No comments:
Post a Comment