Автор:Љупчо Илиев.
Ветеранот на Милан, Марио Јепес предупреди дека ги очекува тежок тест и од своја страна чувствува дека треба да ги преземе работите во свои раце.
"Росонерите" ја победија Џенова со 1-0 на "Сан Сиро" викендов и се искачија на 11 позиција на табелата од Серија А, додека Палермо одигра 0-0 на гостувањето кај Сиена и се наоѓа на 18 позиција на табелата.
Сепак, Јепес предупреди дека Палермо нема да биде лесен противник и дека Милан ќе треба доста да се намачи доколку сака да ги земе 3 бода на гостувањето во Сицилија на "Стадио Ренцо Барбера".
"Натпреварот против Палермо ќе биде тежок. Тие го сменија менаџерот и начинот на играта,а плус и тешко е кога се игра таму."
"Победата против Џенова е посветена на сите што се поврзуваат со Милан, персоналот и фановите. Сега ние треба да ги посочиме мислите кон следниот натпревар и да не размислуваме за тоа колку ни помогнала победата од изминатиот викенд."

No comments:
Post a Comment