Автор:Љупчо Илиев.
Дефанзивецот на Арсенал, Пер Мертезакер верува дека Премиер Лигата е најсилното натпреварување во светот.
28-годишниот германец, на 31 Август 2011 година се збогуваше со Вердер Бремен и премина во редовите на Арсенал.
Иако не се снајде баш најдобро во престојот кај "топџиите", Пер Мертезакер вели дека Премиер Лигата е најсилното натпреварување.
"Знаете, германската бундеслига е подобрена последниве неколку години, и тоа е мошне добра лига, но најдобрата во светот според мене е Премиер Лигата.-вели тој за Sunday Express.
"Тоа е поради физичката сила. Ти мораш да се фокусираш на секоја гледна точка во секој натпревар. На неколку натпревари минатата сезона неможев да се снајдам баш најдобро. Потоа, јас работев на тоа, и го научив брзо."
"Во Германија повеќе се работи за предвидување , позиционирање, и покривање на соиграчот. Во Премиер Лигата мораш да се фокусираш на твоето тело и да бидеш подготвен за се што доаѓа до тебе и да одиш на еден-на-еден борба со противничкиот играч. Тоа е забавно"-завршува Мертезакер.

No comments:
Post a Comment