Thursday, October 25, 2012

Јагиелка:Нема фаворит на дербито!

Автор:Љупчо Илиев.
Дефанзивецот на Евертон, Фил Јагиелка вели дека нема фаворит на познатото "Мерсисајд дерби"!

"Ние имавме одличен старт, нема фаворит, но ние имавме подобар старт од Ливерпул."

"Тоа е очигледно кога ќе се погледне во лигата."

"Кога ќе дојде до споредба, ќе воочите колку вложуваме ние а колку они. Јас мислам дека овде нема фаворит."

"Што се однесува до формата, ние ќе влеземе во натпреварот со повеќе поени што е еден вид одговор на прашањето."

"Но јас видов многу дербија, и воочив дека формата и се останато не е важно кога доаѓа дербито, едноставно нема фаворит и дербито е поразлично од обичните натпревари."

Евертон моментално е во подобра форма, но Ливерпул победува на последните 3 меча по ред на "Мерсисајд дербито" (0-2 *Суарез,Керол), (3-0 *Џерард), (2-1 *Суарез, Керол, Јелавич).
Исто така, Ливерпул на "Мерсисајд дербито" има 302 гола, додека Евертон 250 (72 повеќе), а и има повеќе победи во меѓусебните дуели со што статистиката е на страната на "црвениот" дел од градот!

No comments:

Post a Comment