Monday, October 29, 2012

Откупната клаузла на Иско стигна до £32.000.000

Автор: Љупчо Илиев.

Младиот Иско го продолжи договорот со Малага и откупната клаузла стигна до 32 милиони фунти (£32.000.000) .

Ова е лоша вест за Тотенхем, Ливерпул, Арсенал и Манчестер Јунајтед кој се заинтересирани за талентираниот шпанец и спремни да одвојат некаде околу 15 до 22 милиони фунти.

Сепак, не треба да значи дека заинтересираните клубови за Иско ќе се откажат и младиот шпанец ќе остане во редовите на Малага.

Манчестер Јунајтед има многу заработено од спонзори и трофеи, па доколку сака може да одвои пари за него, а истото го може и Ливерпул чии газди се спремни за зимскиот трансфер рок да одвојат 40 милиони фунти, додека Арсенал и Тотенхем се клубови кој заработија многу од продадените фудбалери па би можеле да си го дозволат Иско.

No comments:

Post a Comment