Monday, October 29, 2012

ФА донесе одлука!

Автор: Љупчо Илиев.

ФА (Фудбалската Асосијација на Англија) донесе одлука на Марк Клетенбург да му се одземат правата за судење на натпревар во Премиер Лигата, известуваат Англиските медиуми.

Околу натпреварот Челси-Манчестер Јунајтед се дигнаа бурни реакции и во центарот на вниманието беше судијата Марк Клетенбург.

Според Англиските медиуми, ФА донела одлука на Марк Клетенбург да му се одземе правото за да суди натпревари во Премиер Лигата и натпреварот кој се одигра вчера беше последен за Марк Клетенбург како судија.

Џон Оби Микел, фудбалерот на Челси откри дека за време на натпреварот, судијата Марк Клетенбург го нарекол мајмун, а од Челси известија дека Клетенбург го навредил и Мата нарекувајќи го "шпанско џуџе".

No comments:

Post a Comment