Tuesday, October 30, 2012

Адриан: Фалкао е гол машина!

Автор: Љупчо Илиев.

Шпанскиот интернационалец има само пофални зборови за Фалкао, а исто така вели дека е задоволен од престојот во Атлетико Мадрид.

"Ние не обрнуваме внимание на тоа што велат медиумите во врска со иднината на Фалкао, а не се грижи ниту пак тој, но нормално е да зборуваат бидејќи тој е гол машина!"

Покрај изјавата во врска со Фалкао, тој додаде:

"Јас сум многу среќен тука и сакам да го направам најдоброто што го можам за тимот."

Инаку, Адриан има договор со Атлетико Мадрид до Јуни 2015 година.

No comments:

Post a Comment