Monday, October 22, 2012

Остана историја!

Автор:Љупчо Илиев.

На денешен ден, 1964 се роди Дражан Петрович. Од тогаш, историјата започна...
Дражан Петрович, е легендарен НБА кошаркар, кој низ својата НБА кариера има настапувано за Портланд Трајблејзерси и Њу Џерси Нетс. Пред тоа, тој ги бранеше боите на КК Реал Мадрид, КК Цибона и КК Шибеник.
Со репрезентацијата на Југославија освои бронзен и сребрен медал на Олимписките игри во 1984 и 1988 година, а со Хрватска сребрен медал во 1992 година.
Додека во 1985 година ја прими "златната значка на Спортот", награда за најдобар спортист во Југославија.
А почина во сообраќајна несреќа во Германија, на кобниот 7 Јуни 1993 година.

“Во мојата кариера нема никакви тајни. Се што постигнувам го постигнувам со работа. Ги повторувам вежбите секој ден. Тренирам 4-5 сати кога патувам. На припремите и повеќе. Големата самодоверба ја на
дградувам со техниката. Работам секојдневно. Не знам како работат другите, но мислам дека работам добро. Талентот го респектирав до 16тата година, по тоа и се поклонив на напорната работа. Работата ме држи во живот. Секој ден тренирам долго и напорно.“  - Дражан Петрович.

“Да се пофалам. Се сметам за еден од најдобрите тројкаши на сите времиња, но сепак постои еден подобар. Станува збор за Дражан Петрович.“  - Реџи Милер.

*ПЛУС ИНФО
Во чест на Дражан Петрович, Њу Џерси Нетс го забранија дресот со број 3 во нивниот клуб и по Дражан никој во Нетси неможе да го облече тој дрес.

No comments:

Post a Comment