Thursday, November 29, 2012

Објавена листата на напаѓачите кој се кандидати за идеалниот тим на годината!

Автор: Љупчо Илиев.


Здружението на професионални фудбалери (ФИФПро) и ФИФА денеска ја објавија листата на 15 напаѓачи кој се конкуренти за идеалниот тим на годината.

Идеалниот тим за изминатата 2012 година ќе содржи 11 играчи и ќе биде избран на 7 Јануари 2013 година, а ќе се бира од 50.000 членови на ФИФПро.

Номинирани напаѓачи за идеалниот тим на годината се: Агуеро, Фалкао, Ибрахимович, Ето, Дрогба, Ван Перси, Меси, Роналдо, Суарез, Балотели, Бензема, Кавани, Гомез, Нејмар и Руни.

Tuesday, November 27, 2012

Алтидор заминува во Лондон?

Автор: Љупчо Илиев.
(Жози Алтидор прославува гол во дресот на АЗ Алкмаар)

Челси и Тотенхем се клубовите кој се споменуваат за главни кандидати во трката за американскиот напаѓач, Жози Алтидор.

23-годишникот некое време беше на позајмица во Хал Сити каде што одигра разочарувачки, но одкога замина во АЗ Алкмаар неговата форма се врати и оваа сезона има постигнало 9 голови на 7 натпревари за АЗ Алкмаар во холандското првентство.

"Жози се развива фантастично, тој е ѕвездата во нашиот тим и го докажува тоа со неговите голови." -вели спортскиот директор на АЗ Алкмаар.

"Нешто како ова не може а да не биде забележано од странство. Исто така и оваа сезона скаути од големи клубови како Барселона, Баерн Минхен, Челси и Тотенхем ги следеа игрите на нашиот тим."

Баерн Минхен и Барселона сеуште не пријавиле интерес за некој играч, покрај тоа што ги следеле игрите на АЗ Алкмаар како што вели спортскиот директор на холандскиот клуб, но затоа пак Челси и Тотенхем размислуваат за доведување на 23-годишниот напаѓач, Жози Алтидор.

"На ти го, дај ми го" ќе прават ПСЖ и Интер?

Автор: Љупчо Илиев.

(Весли Снајдер во дресот на Интер сезонава)
Весли Снајдер е најплатениот фудбалер на Интер и има годишни примања од 6 милиони евра.
Од Интер се спремни да му понудат нов договор, но со доста помала плата.

Како што се вели низ италијанските медиуми, Снајдер во моментов одбива да го стори тоа и по се изгледа дека во Јануари "Нероаѕурите" ќе го продадат холанѓанецот.

Манчестер Јунајтед веќе подолго време се интересира за услугите на Весли Снајдер, но последните шпекулации на медиумите од Италија и Франција велат дека интерес пројавува и богатиот ПСЖ.

Се споменува дека на Анчелоти и на некој останати во клубот им се допаѓа играта на Снајдер, па според медиумите, газдите на францускиот клуб се спремни да го дадат 23-годишниот Пасторе за кого пред 15 месеци потрошија околу 40 милиони евра.

28-годишникот, покрај тоа се споменува и во можна трампа со која би завршил на "Олд Трафорд", а трампата би гласела вака: Нани во Интер, Снајдер во Манчестер Јунајтед.

Како и да е, останува да видиме каква ќе биде судбината на холанѓанецот.

Monday, November 26, 2012

Парма-Интер (одбележано низ статистики)

Автор: Љупчо Илиев.

21:00 | Парма - Интер


Денеска, 26 ноември, во 21:00 на "Стадио Енио Тардини" екипата на Парма ќе го пречека гигантот Интер во рамките од Сериа А.
Парма се наоѓа на десетата позиција и е на само бод разлика во однос на Аталанта и Милан, кој се девето односно осмо пласирани. Заразлика од Парма, Интер е многу погоре и ја дели втората позиција со Фиорентина, а истовремено е на -4 во однос на Јувентус. Во последните пет натпревари од Сериа А, Парма забележа 2 победи, 2 нерешени натпревари и 1 пораз, додека Интер на последните пет натпревари од Сериа А забележа 3 победи, 1 пораз и 1 нерешен натпревар.

На последните пет меѓусебни дуели на Парма и Интер има 2 победи на Парма, 2 на Интер и 1 нерешен резултат.
Распоредот оди вака: Нерешено, победа на Интер, победа на Парма, победа на Интер, победа на Парма. Доколку вака продолжи може да се воочи што следи, а инаку за време на овие последни пет меѓусебни дуели на Парма и Интер се постигнале 20 гола, од кои 12 постигнала екипата на Интер и 8 екипата на Парма.

Според статистиката, не очекува одличен натпревар, а ќе можете да го следите на "Телевизија Телма" со директен пренос од 21:00.

Sunday, November 25, 2012

Челси и Тотенхем водат битка за Вилијан!

Автор: Љупчо Илиев.


Вилијан, фудбалерот на Шахтар кој оваа како и минатата сезона воодушевува со своите настапи е трансфер цел на Челси и Тотенхем.

Вилијан уште од минатото лето е трансфер цел на Челси, а интересот на "сините" за овој фудбалер се зголеми по натпреварот на "Стемфорд Бриџ" каде што Челси го победи Шахтар со 3-2 а головите за Шахтар ги постигна токму Вилијан.

Тотенхем исто така е заинтересиран за неговите услуги и е клуб кој може лесно да ја добие битката за Вилијан, бидејќи инкасира 40 милиони фунти од продажбата на Модрич, а најверојатно Тотенхем ќе го продаде и Бејл, за кој е заинтересиран Реал Мадрид а трансферот би требало да чини некаде околу 60 милиони фунти.

Според говорењата низ медиумите, Шахтар би го продал Вилијан за 30 милиони фунти што за Челси и Тотенхем не е тешка сума.

Saturday, November 24, 2012

Милан го "мерка" Тељо?

Автор: Љупчо Илиев.



Според говорењата на шпанските медиуми, Милан е заинтересиран за 21-годишниот фудбалер на Барселона, Кристијан Тељо.

Кристијан Тељо има договор со Барселона кој истекува во Јуни, а е блиску до продолжување на истиот. Како и да е, шпанските медиуми велат дека Тељо уште во Јануари може да се пресели на "Сан Сиро".

Низ шпанските медиуми веќе кружат информации и за тоа колку би чинел трансферот, некој велат дека Милан се спремни да платат 10 милиони евра за да го видат Тељо на "Сан Сиро", а други пак дека се подготвува замена - Пато во Барселона, Тељо во Милан!

Friday, November 23, 2012

Единсон Кавани сака преселба на "Енфилд"?

Автор: Љупчо Илиев.


Говорејќи за уругвајските медиуми, Клаудио Анелучи, агентот на напаѓачот на Наполи откри дека Единсон Кавани размислува за преселба на "Енфилд".

Единсон Кавани засега има 8 гола на 11 натпревари во Сериа А оваа сезона за Наполи, а неговиот колега од репрезентацијата и моментален член на Ливерпул, Луис Суарез има 10 голови на 12 натпревари моментално во Премиер Лигата.

Ова покажува дека би биле фантастичен напаѓачки тандем и во Ливерпул како што се и во Уругвајската репрезентација.

Доброто соработување помеѓу нив и големото пријателство кое го имаат најверојатно е клучно поради кое Единсон Кавани сака преселба на "Енфилд".

"Не е тајна дека Кавани сака да заигра во Англија. Премиер Лигата е неговиот сон."

"Ливерпул е првиот клуб со кој Кавани сака да разговара, но за него покрај тоа интерес покажува и Арсенал."
-вели Клаудио Анелучи.

Реднап го замени Марк Хјуз!

Автор: Љупчо Илиев.



Квинс Парк Ренџерс го отпуштија Марк Хјуз, а за негов наследник го назначија Хари Реднап, поранешниот менаџер на Тотенхем.

Марк Хјуз доби одлични суми за купување на играчи, но покрај тоа неговиот клуб се наоѓа на последната позиција на табелата и нема победа на досега 12 одиграни натпревари во Премиер Лигата.

Покрај тоа, челниците на клубот се одлучија да му се заблагодарат за трудот кој го вложи во десетмесечниот престој во КПР.

"Квинс Парк Ренџерс денес го раскина договорот со Марк Хјуз. Управата на клубот сака да му се заблагодари на Марк за неговиот придонес, напорната работа и посветеноста кон екипата во изминатите десет месеци додека беше на клупата на тимот." -стои во соопштението на клубот.

На утрешниот натпревар кој КПР ќе го игра против Манчестер Јунајтед на клупата на КПР ќе седне Марк Боувен, додека Реднап ќе започне од наредната недела.

Џо Кол: Јас сеуште имам иднина во Ливерпул!

Автор: Љупчо Илиев.


По постигнувањето на погодокот и асистенцијата на вчерашниот натпревар, Џо Кол смета дека сеуште има шанси во фантазијата на Роџерс.

Џо Кол одигра разочарувачки на гостувањето во Русија против екипата на Анжи, но на вчерашниот натпревар одигра многу подобро и имаше фантастична асистенција и погодок.

"Јас бев добар во Вест Хем, Челси и Лил и мислам дека тоа можам да го повторам и во Ливерпул."

"Секој нареден натпревар јас станувам се посилен ѝ посилен. Нормално е секој фудбалер да сака да игра што повеќе време. Имав ужасна повреда на тетивата, но ова е трет натпревар од кога се вратив на терените и се чувствувам добро."
-вели англичанецот.

Thursday, November 22, 2012

Мексез: Таков гол се постигнува само еднаш во кариерата!

Автор: Љупчо Илиев.


Францускиот репрезентативец ужива по неговиот фантастичен погодок на вчерашниот натпревар кој Милан го играше против Андерлехт во рамките од Лигата на Шампионите.

Филипе Мексез е среќен поради тоа што на Милан му овозможи водство од 2-0 во '71 минута од натпреварот и секако поради тоа што постигна неверојатен гол и беше во центарот на вниманието кај многу љубители на фудбалот.

"Незнам како топката стигна до мене, но кога ја здогледав ни момент не се мислев туку веднаш си дадов сам на себе зелено светло за да ја примам на гради и да шутнам." -рече Мексез.

"Да бидам искрен, секако дека и среќата ме послужи вчера. Постигнував убави голови и во Рома, но како овој никогаш!"

"Таков гол се постигнува само еднаш во кариерата, а посебно ако си дефанзивец. Како и да е, чувството е прекрасно!"
-заврши французинот.

Венгер посакува продолжување на договорот со Волкот!

Автор: Љупчо Илиев.



Менаџерот на "топџиите", Арсен Венгер посакува Волкот да го продолжи договорот. Засега работите не одат во полза на Арсенал бидејќи Волкот не е баш задоволен од моменталната ситуација во клубот.

"Мислам дека неможе да се одреди времето во кое ќе се реши оваа сага, но посакувам и ќе настојувам ова да биде завршено до Божиќ, на еден или друг начин."" -започна Венгер.

"Во овој спорт е многу важно да бидете свесни за вашата ситуација и да работите смирено."

"Jaс не се сомневам во Тео, но сепак му стојам на располагање и како поискусен ќе му давам совети, а секако на него ќе остане одлуката за тоа што ќе прави."

"Јас посакувам Тео да го продолжи договорот, но како што реков, тој одлучува!"
-заврши Венгер.

Wednesday, November 21, 2012

Бенитез на местото на Ди Матео?

Автор: Љупчо Илиев.

Веќе и официјално сопственикот на Челси, Роман Абрамович му даде отказ на Ди Матео.
Се очекува во најбрз можен рок Челси да добие нов тренер, а англиските медиуми пренесуваат дека тоа најверојатно ќе биде Рафаел Бенитез.

Роберто Ди Матео одкога дојде во Челси беше фантастичен и на тимот од Лондон му ја донесе првата титула од Лигата на Шампионите во неговата историја. Но, во последно време тимот на Ди Матео игра многу слабо, а тоа го докажува фактот дека "сините" немаат победа на последните 5 натпревари.

Рафаел Бенитез исто така во својата дебитантска сезона за Ливерпул ја освои Лигата на Шампионите, а потоа имаше уште 4 фантастични сезони, освен последната на кормилото на "црвените" која беше разочарувачка.

Според пишувањате на англиските медиуми како што рековме, Рафаел Бенитез е најсериозен кандидат за тренер на Челси.

Tuesday, November 20, 2012

Играј Fantasy Manager на Фејсбук!

Автор: Љупчо Илиев.



Малку да се тргнеме од новостите за фудбалот и воедно спортот и да одиме на игри.
На фејсбук има Fantasy Manager за многу тимови, а едни од нив се: Ливерпул, Барселона, Интер, Јувентус, Милан, Реал Мадрид, Челси, Галатасарај, Андерлехт, Борусија Дортмунд и многу други.

Доколку сакате да играте со Ливерпул во Liverpool Fantasy Manager отворете го овој линк:
apps.facebook.com/liverpoolfm/?fb_source=search&ref=ts&fref=ts


Доколку сакате да играте со Челси во Chelsea Fantasy Manager отворете го овој линк:
apps.facebook.com/chelseafm/?fb_source=search&fb_appcenter=1#_=_

Доколку сакате да играте со Интер во Inter Fantasy Manager отворете го овој линк:
apps.facebook.com/intermilanfm/?fb_source=canvasbookmark&count=0

Доколку сакате да играте со Милан во Milan Fantasy Manager отворете го овој линк:
apps.facebook.com/acmilanfm/?fb_source=search&ref=ts&fref=ts

Доколку сакате да играте со Барселона во Barcelona Fantasy Manager отворете го овој линк:
apps.facebook.com/fcbarcelonafm/?fb_source=search&fb_appcenter=1

Доколку сакате да играте со Реал Мадрид во Real Madrid Fantasy Manager отворете го овој линк:
apps.facebook.com/realmadridfm/?fb_source=search&ref=ts&fref=ts

Имате уште за многу клубови, како: Рома, Галатасарај, Андерлехт, Сао Паоло, Севиља, Валенсија, Шалке, Борусија Дортмунд. За тие пишете вака на фејсбук и ќе ги најдете (името+fantasy manager) .

Мидлсбро заинтересирани за Даунинг?

Автор: Љупчо Илиев.



Според пишувањата на Sky Sports, Мидлсбро се подготвени да го ангажираат Стујарт Даунинг со што би го вратиле во неговиот матичен клуб.

Мидлсбро го следат Стујарт Даунинг веќе подолго време, а за негов ангажман им дојде убаво и изјавата на Брендан Роџерс кој рече дека за Стујарт Даунинг нема место во тимот на Ливерпул.

Стујарт Даунинг беше еден од оние кој Кени Далглиш ги практикуваше во Ливерпул скоро секој натпревар, но Брендан Роџерс не е задоволен од прикажаната игра на англичанецот и смета дека Стујарт треба веќе од Јануари да бара нов клуб.

Даунинг во 2009 година го напушти Мидлсбро кој не успеа да опстане во Премиер Лигата и потпиша за Астон Вила, а во 2011 беше ангажиран од страна на Ливерпул.
Сепак формата на Мидлсбро оваа година е подобрена и нема да е чудо доколку во наредните години овој тим повторно избори пласман во најдобрата англиска фудбалска лига.

Ибра и Пасторе ги излудеа сопствениците на ПСЖ!

Автор: Љупчо Илиев.



Ѕвездите на францускиот Парис Сен Жермен ги "излудеа" своите газди на теренот и надвор од него.

Како што пренесуваат француските медиуми, клубот од Парис има големи проблеми со недисциплината на некој играчи.

Златан Ибрахимович ја паркира колата каде стигне, а често и на паркинг-места кој се дозволени само за членовите на управата на клубот.

Уште полоша е ситуацијата со Хавиер Пасторе кој девојката си ја носи на тренинг. "Пасторе прави неколку вежби, па оди да се бакнува со девојката."-велат француските медиуми.

Поради тоа, од управата на ПСЖ решија да ги заострат правилата за однесување во овој клуб и воведоа четири нови "заповеди" :

-За некому да му дојдат блиски на тренинг прво треба да се побара дозвола.
-Одкога ќе заврши натпреварот сите играчи да патуваат заедно со клубскиот автобус.
-Сите мораат да јадат во клубскиот ресторан, како би избегнале нездрава храна.
-Играчите можат да ги паркираат своите авотомобили само на места кој се наменети за тоа.

Monday, November 19, 2012

Пирес: Подолски може да стане легенда на Арсенал!

Автор: Љупчо Илиев.


Француската фудбалска легенда, Роберт Пирес вели дека Подолски би можел да стане нова легенда на Арсенал!

27-годишниот Германец, Лукас Подолски пристигна на "Емирати" ова лето и во дресот на "топџиите" постигна 6 гола и 4 асистенции во шеснаесет натпревари.

"Јас навистина се надевам дека тој ќе стане легенда на овој клуб како Тиери Анри или пак како мене. Тој е многу добар фудбалер и има добар карактер." -рече Пирес.

"Тој му се допаѓа на Венгер и е многу популарен во клубот. Понекогаш не е лесно да се адаптираш во нов клуб и нова држава, но Подолски немаше таков проблем." -заврши Пирес.

Инаку Пирес пристигна во Арсенал во 2000 година и за овој клуб настапуваше 6 години, низ кој имаше 189 настапи и постигна 62 гола, а во 2008 навивачите на Арсенал го прогласија за шеста најголема легенда на нивниот клуб.

Sunday, November 18, 2012

ПСЖ во обид да го доведе Балотели!

Автор: Љупчо Илиев.


Сопствениците на Парис Сен Жермен ќе се обидат да ја искористат ситуацијата во која се наоѓа Балотели во Манчестер Сити, со тоа што уште во Јануари ќе пробаат да го доведат италијанецот во своите редови.

Марио Балотели оваа година во Манчестер Сити има значително помала минутажа во однос од минатата, за што главна причина е недоволната сериозност на Марио, како што вели Роберто Манчини.

Богатите сопственици на ПСЖ се спремни да го доведат Балотели кој би бил одличен тандем со Ибрахимович во нападот, а исто така Балотели и Ибрахимович беа тандем во дресот на Интер цели 3 години.

Вотсон се здоби со скршеница на ногата!

Автор: Љупчо Илиев.



Фудбалерот од средниот ред на Виган, Бен Вотсон се здоби со скршеница на ногата во натпреварот на "Енфилд" и може да оди на хирургија.

27-годишниот фудбалер на Виган со оваа повреда се здоби во дуелот со младиот Рахим Стерлинг, па веднаш потоа ја напушти играта и веднаш му се укажа лекарска помош.

На теренот Вотсон доби неколкуминутен третман, но неможеше да го продолжи натпреварот и на носилки беше изваден од теренот од страна на медицинскиот тим на Виган од каде  потврдија дека ќе биде потребно долго време за Вотсон да се врати на терените.

Saturday, November 17, 2012

Роналдо: Ми недостига Фергусон!

Автор: Љупчо Илиев.

Еден од најдобрите фудбалери на планетата и воедно суперѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо вели дека му недостасува Сер Алекс Фергусон.

27-годишниот португалец помина 6 години во Манчестер Јунајтед под водство на Сер Алекс Фергусон и нормално е да му недостасува.

Во Реал Мадрид ги освои Копа Дел Реј, Шпанскиот суперкуп и Примера, а исто така е главна ѕвезда на тимот и ја има довербата на Жозе Мурињо, но сепак вели дека му недостасува Сер Алекс Фергусон.

"Мене навистина ми недостасува Фергусон, јас имам голема врска со него." -вели Кристијано Роналдо.

"Тој е фантастична личност. Тој ме научи на многу работи. Како што реков претходно, тој е како татко на фудбалот."

"Тој некогаш работи премногу напорно. Мислам дека понекогаш неможе да отиде до тоа ниво, бидејќи, колку години има? 70? Тоа е штетно за срцето."

"Тој сеуште работи со "полна пареа", силен е, се сеќавам кога го видов за прв пат, беше моќен исто како и сега."
-заврши Кристијано.


Фалкао: Заминувањето е последното нешто што ми доаѓа на ум, бразилските дефанзивци се многу добри!

Автор: Љупчо Илиев.

Еден од најдобрите светски фудбалери, Радамел Фалако инсистира дека се концентрира само на тековната сезона во Атлетико и не помислува за трансфер.

"Трансферот е последното нешто што ми паѓа на ум." -вели колумбиецот.

"Имам договор со Атлетико Мадрид и сум фокусиран на мојот тим."

Фалкао зборуваше и за ремито на неговата репрезентација кое го издвоија против репрезентацијата на Бразил во Њу Џерси во средата.

"Тоа беше многу добар натпревар. Ние очекувавме силен бразилски тим и најдовме на таков."

"Тие ни го отежнаа планот за поседот на топката како што сакавме и мислевме дека ќе биде. Научивме многу од тој натпревар."


Одбраната на Бразил успеа да го задржи Фалкао и да не му дозволи да постигне погодок, што е премногу тешко за одбраната на тимовите оваа година кога играат против екипа на Фалкао.

"Јас очекував многу силна игра од одбраната на Бразил и така и се случи, играа цврсто и морав многу да се борам за да создавам шанси, бидејќи тие се многу добри дефанзивци."


Thursday, November 15, 2012

Бекам: Да се игра покрај Џерард е огромна чест!

Автор: Љупчо Илиев.

Една од најголемите англиски фудбалски ѕвезди последнава деценија, Дејвид Бекам имаше пофални зборови околу јубилејниот 100 настап на Стивен Џерард за Англиската фудбалска репрезентација.

"Беше прекрасно да се види како Стиви Џи го добива јубилејниот 100 настап минатата ноќ против Шведска. Тој е неверојатен играч и премногу важен за неговиот клуб и држава, тој ги заслужува сите пофалби кој ги добива. Чест е да се игра покрај него, а јас бев еден од оние кој ја имаа таа чест." -објави Дејвид Бекам на неговата официјална фејсбук страна.

Инаку, Стивен Џерард минатата вечер на својот јубилеен 100 настап за Англиската репрезентација одигра 74 минути и асистираше при погодокот на неговиот "имењак" Стивен Колкер.



Wednesday, November 14, 2012

Луис Холтби "отворен" за преселба во Ливерпул!

Автор: Љупчо Илиев.

Фудбалерот на Шалке од средниот ред, Луис Холтби вели дека посакува да се пресели во Премиер Лигата и дека тоа му е сон од детството. Тој вели дека тоа што татко му е фан на Евертон не би го спречило да премине во Ливерпул, кој заедно со Арсенал се интересираат за услугите на германецот со англиско потекло.

Договорот помеѓу Луис Холтби и Шалке завршува во Јуни 2012 година и тој вели дека посакува преселба во Премиер Лигата.

"Одсекогаш сум велел дека еден ден сакам да играм во Англија. Не би го исклучил Ливерпул, иако мојот татко е "крвен" фан на Евертон и тешко би поднел еден таков трансфер."

Луис Холтби одигра импресивно на натпреварот помеѓу Шалке и Арсенал на "Емирати" кој заврши со резултат 2-0 во полза на Шалке и уште повеќе го привлече вниманието Арсен Венгер.

Генералниот директор на Шалке, Хорст Хелдт вели дека има конкретни понуди од Англија, но се надева дека фудбалерот ќе остане во Германија.

"Луис има потекло од Англија бидејќи неговиот татко е англичанец и го разбирам тоа дека сака да заигра во Премиер Лигата." -вели Хелдт.

"Ние се обидуваме да го продолжиме договорот со него и се надеваме дека ќе успееме во тоа и тој ќе остане."

"Како и да е, одлуката е во рацете на Луис!" -заврши Хорст Хелдт. 



Балотели не заминува никаде, вели неговиот агент!

Автор: Љупчо Илиев.

Италијанскиот напаѓач нема намера да го напушти Манчестер Сити покрај тоа што моментално се бори за место во првиот тим, вели неговиот агент.

Во последните неколку недели, Серхио Агуеро и Карлос Тевез се во првите планови на Роберто Манчини, а Един Џеко резервно оружје од клупата кој оваа сезона влегувајќи од клупа му донесе неверојатни 9 бода на Манчестер Сити.

"Тој не сака да си замине" -изјави Раиола за новинарите.

"Нема фудбалер кој е среќен што седи на клупа, но тој го прифаќа тоа. Сето ова е дел од играта." 

Марио Балотели веќе подолго време е на мета на медиумите во Англија и пошироко кој го поврзуваа со ПСЖ или враќање во Интер.

22-годишниот Балотели, како и да е, се фокусира на враќање на местото во првиот тим во својот клуб, а не заминување, вели неговиот агент.

"Засега нема понуда од Италија и тој нема намера да оди таму." -додаде Раиола.

"Тој напорно ќе работи до крајот на неговиот договор. Тоа што отсуствуваше од терените неделава не значи дека тој ќе го напушти Манчестер."

Monday, November 12, 2012

Конте го подржува Погба во тоа да стане еден од најдобрите играчи!

Автор: Љупчо Илиев.

Паул Погба е подржан да стане еден од најдобрите играчи во светот од страна на тренерот на Јувентус, Антонио Конте.

Антонио Конте не се мислеше многу за тоа да му даде шанса на младиот Погба и редовно го става во првиот тим, освен изминатиов викенд во кој Погба не играше поради грешка во задржувањето на време, како што вели Конте.

Директорот Бепе Марота потврди дека Конте стои зад фактот малку да ја намали преопторуваноста на Погба, кој летово пристигна во Јувентус од редовите на Манчестер Јунајтед.

"Постојат некои правила кој треба да се почитуваат и нашиот лидер, Антонио Конте реши да го воведе овој систем на дејствување. Тоа не ѐ казна, туку обврска за млад играч како Погба."

И покрај ова, Антонио Конте го потврди својот восхит за француското чудо од дете.

"Тој е на возраст од 19 години, но пред да го ставам да игра како редовен јас не размислував ни една минута околу тоа."

"Тој има силни амбиции, како до него така и до мене се однесува да му помогнам да стане вистински шампион."

"Тој има желба да учи. Тој може да биде меѓу најдобрите во светот."

Погба, пак, изјави дека тој се преселил во Јувентус бидејќи смета дека таму се чувствува повеќе почитуван одколку во Манчестер Јунајтед.

"Јуве е голем клуб и не постојат многу разлики во споредба со Манчестер Јунајтед, тие се едни од најдобрите клубови во светот."

"Разликата тука е што се чувствувам почитуван, играчите и тренерот веруваат во мене и имам можност да играм."
-заврши Погба.

Џон Тери ќе отсуствува само неколку недели, Роналдо за малку ќе го изгубеше окото!

Автор: Љупчо Илиев.

Џон Тери, капитенот на Челси, се повреди десетина минути по постигнувањето на погодокот на вечерашното дерби во сударот со Луис Суарез.

За среќа, пред неколку часа од медицинскиот тим на Челси потврдија дека Тери ќе отсуствува само неколку недели, иако на прв поглед повредата наликуваше на посериозна!

Соопштението од официјалниот Твитер профил на Челси вели вака:

"Скеновите не покажуваат сериозна оштета на лигаментите на Тери."

"Тој ќе биде надвор неколку недели, не месеци!"


Истотака, вчера се повреди и најдобриот играч на Реал Мадрид и воедно еден од најдобрите светски фудбалери, Кристијано Роналдо.

Во втората минута од натпреварот помеѓу Леванте и Реал Мадрид, Роналдо се здоби со повреда на аркадата, а медицинскиот тим на Реал Мадрид реаѓираше и за неколку минути тој стана на нозе. Иако гледаше само со едното око, фудбалерите на Леванте неможеа да го спречат Кристијано и тој постигна гол во 21 минута. На почетокот на второто полувреме, Кристијано Роналдо беше заменет поради тоа што едвај гледаше и со другото око.

Сепак, добри вести дојдоа и од Мадрид- медицинскиот тим на "кралевите" соопштува дека видот на Кристијано Роналдо ќе си биде повторно на исто ниво, а пукната била аркадата.

Saturday, November 10, 2012

КПР подготвени да го вратат Бекам во Англија и да водат борба со Анжи за Роналдињо?

Автор: Љупчо Илиев.

Изминатава недела доаѓаа многу шпекулации од островот дека КПР се спремни да одвојат одредена сума за ангажирање на Бекам и Роналдињо, но за трансферот на Роналдињо очигледно би требало да бидат подготвени за "борба" бидејќи и богатиот Руски клуб Анжи се интересира за легендарниот Бразилец.

Првите гласини беа дека КПР се подготвени да одвојат некаде околу 20 милиони фунти за услугите на Роналдињо, а потоа дека се подготвени да го доведат и Дејвид Бекам, за кој би требало исто така да се помачат бидејќи Дејвид во Лос Анџелес Галакси има голема заработка, а и е задоволен од животот во Америка. Сепак, КПР е богат клуб и можеби во Јануари ќе бидеме сведоци на една голема трансфер сага која ќе ја води англискиот клуб за Дејвид Бекам!

Инаку, КПР изминатово лето доведе голем број на квалитетни фудбалери:  Грин, Жулио Цезар, Гранеро, Хоилет, Ендрју Џонсон, Парк Џи Сунг, Жозе Босингва и други, а гледајќи го тоа дека ги имаат Џибрил Сисе, Антон Фердинант, Адел Тараабт и Шон Рајт Филипс се доста моќен тим, но никако да покажат задоволувачки резултати и да здивнат надвор од "опасната зона".

Ќе може ли КПР да ги доведе Роналдињо и Бекам и дали тие двајца ќе успеат да му помогнат на англискиот клуб да почне со добри резултати е прашање на време.

Типови за денес! (10.11.2012)

Автор: Љупчо Илиев.

НонСтоп ви претставува типови од нас за денеска, и се надевам дека ќе се покажат како добри.

Арсенал-Фулам ГГ
Пескара-Јувентус 2
Астон Вила-Манчестер Јунајтед 2
Шалке 04-Вердер Бремен 1
Рајо Ваљекано-Селта Де Виго 2
Баерн Минхен-Ајнтрахт Франкфурт 1
Малага-Реал Сосиедад 1
Евертон-Сандерленд 3+
Виган Атлетик-Вест Бромвич X2 (двојна шанса)

Венгер: Мојата желба е да го задржам Тео!

Автор: Љупчо Илиев.

Менаџерот на Арсенал е решен да го задржи Англискиот репрезентативец на "Емирати", откако претходно клубот го напуштија главните ѕвезди Робин Ван Перси и Цеск Фабрегас.

Ситуацијата со Тео Волкот има многу различни варијанти, а неговиот договор
со "топџиите" истекува по крајот на оваа сезона. Венгер во едно претходно интервју се изјасни дека до Божиќ сака да ја реши сагата за Волкот кој се поврзува со Ливерпул, Јувентус и Баерн Минхен.

"Мојата желба е да го задржам Тео. Ние правиме се што е потребно за да го задржиме и се надевам дека ситуацијава ќе ја решиме наскоро." -изјави Венгер за официјалната веб-страна на Арсенал.

"Ова ќе го решиме најкасно до крајот на Декември, безразлика дали на еден или друг начин(
дали да замине или да остане)."


Тео Волкот е во добра форма оваа сезона и моментално е водечки стрелец на Арсенал оваа сезона со постигнати 8 погодоци во сите натпреварувања.

"Не сакам да почнам со детали, но верувајте ми дека ние правиме се што можеме за да ги задржиме нашите главни ѕвезди." -заврши Арсен Венгер.


Wednesday, November 7, 2012

Шамак предупредува дека ќе го напушти Арсенал доколку не добие шанса!

Автор: Љупчо Илиев.

Мароканецот, Маруне Чамак размислува да го напушти Арсенал, а како главна причина се наведува недоволната минутажа.
На 28-годишниот "топџија" очигледно му е здосадено од "греење" клупа, па ја разгледува можноста да го напушти лондонскиот клуб како би заминал некаде каде би играл почесто.

Маруне Чамак потпиша со Арсенал на 21 Мај 2010 година, напуштајќи го Бордо по осум-годишниот престој во Францускиот клуб.

Инаку, Маруне кариерата ја започнал токму во Бордо, во 2002 година и вели дека доколку би се враќал во Франција, тоа сигурно ќе биде Бордо.

"Сеуште размислувам дали да заминам или не." -вели Чамак.

"Бордо? -Имав контакт минатиот зимски преоден рок, но немав никаков контакт со нив летово. Сепак, Бордо би можел да биде решение."

"Доколку донесам одлука да заминам од Арсенал, нема да има никаков проблем, но сеуште размислувам."

"Мојот приоритет е да останам во Англија, но доколку се вратам назад во Франција тоа сигурно ќе биде во Бордо."
-завршува Мароканецот.

Инаку, Мароканецот играше на дуелот од рамките на Capital One Cup во кој Арсенал победи со 5-7 против Ридинг минатата недела и постигна два погодока.

Monday, November 5, 2012

Манчини: Манчестер Сити не е подготвен за освојување на Лигата на Шампионите!

Автор: Љупчо Илиев.

Италијанецот признава дека тој и неговиот клуб немаат искуство за да стигнат далеку во Лигата на Шампионите, но верува дека неговите момци ќе успеат да прикажат добри партии во преостанатите натпревари од групната фаза.

Манчестер Сити моментално се наоѓа на дното на табелата во својата група по поразите од Реал Мадрид и Ајакс и едвај изваденото реми со Борусија Дортмунд.

Шансите да се квалификуваат во нокаут-фазата се исклучително мали, но 47-годишниот италијанец не мисли дека треба да преземе мерки од своја страна.

"Јас мислам дека не сме спремни да ја освоиме лигата на шампионите или да стигнеме блиску до тоа." - вели Роберто Манчини за The Guardian.

"Ако кажеме дека сме подготвени за тоа, значи дека не сме искрени. Во Лигата на Шампионите е јасно дека во Февруари и Март можат да се случат неверојатни работи, но ние сме подготвени уште од почетокот за нашата тешка група."

"Ние имаме добар тим, но не и искуство за Лигата на Шампионите. Челзи се обидува веќе десет години да ја освои Лигата на Шампионите и тоа го направи во Мај оваа година. Тие на почетоците како и нас не беа спремни односно немаа искуство и име во ова натпреварување, но веќе долго време се на оваа сцена и мислам дека се најдобриот тим во Европа во последните 10 години."






Saturday, November 3, 2012

Ливерпул и Хунтелаар се договорија?

Ливерпул се има договорено за се со холандскиот фудбалер, Клас Јаан Хунтелар.

Ливерпул се подготвени и чекаат да можат да го доведат Клас Јаан Хунтелар, односно "трансфер прозорецот" повторно да се отвори, пренесуваат Англиските медиуми.

Клас Јаан Хунтелаар има договор со Шалке кој истекува на крајот од оваа сезона, а тој одби да го продолжи договорот. После ова, медиуми од островот велат дека Ливерпул и Хунтелаар склучиле договор за потпис кога ќе се отвори новиот "трансфер прозорец". 

29-годишникот беше поврзуван со голем број клубови последниве недели, а прашање на време е каде тој ќе замине, бидејќи одби продолжување на договорот со Шалке.

Менаџерот на Ливерпул, Брендан Роџерс е спремен да го доведе холанѓанецот во Јануарскиот трансфер прозорец со цел да му го олесни товарот на уругвајскиот напаѓач, Луис Суарез.

Спортскиот директор на Шалке, Хорст Хелдт вели дека верува дека Хунтелаар во моментов не е спремен да одлучи дали да го продолжи договорот или да го напушти Шалке.
"Тоа е желба на играчот и јас се согласувам со неа, безразлика дали ќе биде позитивна или негативна."

"Чувствувам дека во моментов Хунтелаар неможе да даде одлука."
Како и да е, Хедлт очекува набрзо да се донесе одлука за иднината на холанѓанскиот напаѓач, со што вели: "Јас ќе барам брзо решение".




Thursday, November 1, 2012

Играчи од сенка: Киро Имобиле!

Автор: Љупчо Илиев.

Како што претходно најавивме, започнавме со рубриката "Играчи од сенка".
Oва е првиот дел и ќе ви го претставиме Киро Имобиле.

Киро Имобиле е италијански фудбалер роден на 20 Фебруари 1990 година во Торе Анунзиата, Италија. Тој започна во младинската школа на Соренто, а потоа продолжи во школата на Јувентус.

Тој е напаѓач, а кариерата ја започна во Јувентус, каде што одигра само три натпревари па замина на позајмици низ Сиена, Гросето и Пескара за потоа да направи трансфер во Џенова.

Во Џенова пристигна на 26 Август 2012 година, односно при крајот на летниот трансфер прозорец. Тој засега во дресот на Џенова одигра 4 натпревари и постигна 2 погодоци, а исто така е многу блиску до повик во А Репрезентацијата на Италија.

Тој пред некое време заврши со игрите во Италија до 21 година, бидејќи веќе има полни 22 години. Во репрезентативниот дрес на Италија до 21 година одигра фантастични 5 натпревари постигнувајќи 4 погодоци.

Него можете да го забележите на натпреварите кој ги игра Џенова, а уште подобро е тоа што игра најчесто како првотимец.

Жервињо три недели во аут!

Автор: Љупчо Илиев.

Крилниот напаѓач на Арсенал, 25-годишниот Жервињо на натпреварот против КПР имаше незгоден пад по кој што го напушти теренот, а Венгер за медиумите потврди дека репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ќе паузира 3 недели.

"Во споредба со минатото коло не можеме да сметаме на Жервињо, кој според проценките на нашиот медицински тим ќе биде надвор од терените три недели. Нема играчи кој ќе се опорават од повредите овој викенд, ниту Шчезни, ниту Гибс, ниту Диаби не се подготвени за враќање на терените. Во основа екипата која ќе игра би требало да биде приближно иста како и минатото коло."-вели Венгер за медиумите.

"Некои играчи сеуште чувствуваат тешкотија во нозете, но се надеваме дека ќе се опорават до Сабота (за дуелот со Манчестер Јунајтед). Во Вторник повторно имаме натпревар, така да ќе ја согледам ситуацијата во целина, можеби некој од повредените играчи ќе бидат подготвени за во Вторник (за мечот против Шалке 04)."

Нејмар: Не е вистинскиот момент за преселба во Европа!

Автор: Љупчо Илиев.

Младиот талентиран Бразилски напаѓач, верува дека сеуште е рано за преселба во Европа.

Бразилецот е на мета на Барселона, Реал Мадрид, ПСЖ и Челси, но смета дека сеуште е рано за преселба во Европа.

"Јас сум среќен во Бразил, јас сум среќен во Сантош. Јас имам сон да заиграм во Европа, но моментално не е вистинскиот момент."- вели тој за Reuters.

Нејмар потоа го искажа своето разочарување за неуспехот во кампањата за Копа Америка 2011 и неостварувањето на целта да се земе златото на Олимписките игри оваа година.

"Неуспехот во Копа Америка многу не вознемири"-вели тој. "Многу луѓе беа разочарани од несупехот и на Олимписките игри, но не повеќе од нас. Како и да е, јас сум горд што учествував на Олимписките игри и освоив медал."

Нејмар чувствува дека Бразил е на вистинскиот пат за да направи добар тим за Светското Првенство 2014 и е убеден дека тимот ќе биде во топ-форма кога тоа е најважно.

"Националниот тим оди во нагорна линија."-продолжи тој. "Ние го градиме нашиот углед и тимот оди во нагорна линија со тоа што стануваме и построги. За кратко време, тоа ќе се одрази на нас, она нашето бразилско - да работиш напорно како што треба и ти е кажано, а успехот ќе дојде."

"Одговорноста е секогаш поделена. Секој си ја игра својата улога на теренот. Еден човек неможе да игра сам. На Светското првенство ќе имаме 23 играчи кој сериозно ќе сватат што треба да прават и ќе бидат настроени кон победа."