Автор: Љупчо Илиев.
Менаџерот на Арсенал е решен да го задржи Англискиот репрезентативец на "Емирати", откако претходно клубот го напуштија главните ѕвезди Робин Ван Перси и Цеск Фабрегас.
Ситуацијата со Тео Волкот има многу различни варијанти, а неговиот договор
со "топџиите" истекува по крајот на оваа сезона. Венгер во едно претходно интервју се изјасни дека до Божиќ сака да ја реши сагата за Волкот кој се поврзува со Ливерпул, Јувентус и Баерн Минхен.
"Мојата желба е да го задржам Тео. Ние правиме се што е потребно за да го задржиме и се надевам дека ситуацијава ќе ја решиме наскоро." -изјави Венгер за официјалната веб-страна на Арсенал.
"Ова ќе го решиме најкасно до крајот на Декември, безразлика дали на еден или друг начин(дали да замине или да остане)."
Тео Волкот е во добра форма оваа сезона и моментално е водечки стрелец на Арсенал оваа сезона со постигнати 8 погодоци во сите натпреварувања.
"Не сакам да почнам со детали, но верувајте ми дека ние правиме се што можеме за да ги задржиме нашите главни ѕвезди." -заврши Арсен Венгер.

No comments:
Post a Comment