Автор: Љупчо Илиев.
Квинс Парк Ренџерс го отпуштија Марк Хјуз, а за негов наследник го назначија Хари Реднап, поранешниот менаџер на Тотенхем.
Марк Хјуз доби одлични суми за купување на играчи, но покрај тоа неговиот клуб се наоѓа на последната позиција на табелата и нема победа на досега 12 одиграни натпревари во Премиер Лигата.
Покрај тоа, челниците на клубот се одлучија да му се заблагодарат за трудот кој го вложи во десетмесечниот престој во КПР.
"Квинс Парк Ренџерс денес го раскина договорот со Марк Хјуз. Управата на клубот сака да му се заблагодари на Марк за неговиот придонес, напорната работа и посветеноста кон екипата во изминатите десет месеци додека беше на клупата на тимот." -стои во соопштението на клубот.
На утрешниот натпревар кој КПР ќе го игра против Манчестер Јунајтед на клупата на КПР ќе седне Марк Боувен, додека Реднап ќе започне од наредната недела.

No comments:
Post a Comment