Автор: Љупчо Илиев.
Француската фудбалска легенда, Роберт Пирес вели дека Подолски би можел да стане нова легенда на Арсенал!
27-годишниот Германец, Лукас Подолски пристигна на "Емирати" ова лето и во дресот на "топџиите" постигна 6 гола и 4 асистенции во шеснаесет натпревари.
"Јас навистина се надевам дека тој ќе стане легенда на овој клуб како Тиери Анри или пак како мене. Тој е многу добар фудбалер и има добар карактер." -рече Пирес.
"Тој му се допаѓа на Венгер и е многу популарен во клубот. Понекогаш не е лесно да се адаптираш во нов клуб и нова држава, но Подолски немаше таков проблем." -заврши Пирес.
Инаку Пирес пристигна во Арсенал во 2000 година и за овој клуб настапуваше 6 години, низ кој имаше 189 настапи и постигна 62 гола, а во 2008 навивачите на Арсенал го прогласија за шеста најголема легенда на нивниот клуб.

No comments:
Post a Comment