Автор: Љупчо Илиев.
Фудбалерот на Шалке од средниот ред, Луис Холтби вели дека посакува да се пресели во Премиер Лигата и дека тоа му е сон од детството. Тој вели дека тоа што татко му е фан на Евертон не би го спречило да премине во Ливерпул, кој заедно со Арсенал се интересираат за услугите на германецот со англиско потекло.
Договорот помеѓу Луис Холтби и Шалке завршува во Јуни 2012 година и тој вели дека посакува преселба во Премиер Лигата.
"Одсекогаш сум велел дека еден ден сакам да играм во Англија. Не би го исклучил Ливерпул, иако мојот татко е "крвен" фан на Евертон и тешко би поднел еден таков трансфер."
Луис Холтби одигра импресивно на натпреварот помеѓу Шалке и Арсенал на "Емирати" кој заврши со резултат 2-0 во полза на Шалке и уште повеќе го привлече вниманието Арсен Венгер.
Генералниот директор на Шалке, Хорст Хелдт вели дека има конкретни понуди од Англија, но се надева дека фудбалерот ќе остане во Германија.
"Луис има потекло од Англија бидејќи неговиот татко е англичанец и го разбирам тоа дека сака да заигра во Премиер Лигата." -вели Хелдт.
"Ние се обидуваме да го продолжиме договорот со него и се надеваме дека ќе успееме во тоа и тој ќе остане."
"Како и да е, одлуката е во рацете на Луис!" -заврши Хорст Хелдт.

No comments:
Post a Comment