Monday, November 5, 2012

Манчини: Манчестер Сити не е подготвен за освојување на Лигата на Шампионите!

Автор: Љупчо Илиев.

Италијанецот признава дека тој и неговиот клуб немаат искуство за да стигнат далеку во Лигата на Шампионите, но верува дека неговите момци ќе успеат да прикажат добри партии во преостанатите натпревари од групната фаза.

Манчестер Сити моментално се наоѓа на дното на табелата во својата група по поразите од Реал Мадрид и Ајакс и едвај изваденото реми со Борусија Дортмунд.

Шансите да се квалификуваат во нокаут-фазата се исклучително мали, но 47-годишниот италијанец не мисли дека треба да преземе мерки од своја страна.

"Јас мислам дека не сме спремни да ја освоиме лигата на шампионите или да стигнеме блиску до тоа." - вели Роберто Манчини за The Guardian.

"Ако кажеме дека сме подготвени за тоа, значи дека не сме искрени. Во Лигата на Шампионите е јасно дека во Февруари и Март можат да се случат неверојатни работи, но ние сме подготвени уште од почетокот за нашата тешка група."

"Ние имаме добар тим, но не и искуство за Лигата на Шампионите. Челзи се обидува веќе десет години да ја освои Лигата на Шампионите и тоа го направи во Мај оваа година. Тие на почетоците како и нас не беа спремни односно немаа искуство и име во ова натпреварување, но веќе долго време се на оваа сцена и мислам дека се најдобриот тим во Европа во последните 10 години."






No comments:

Post a Comment