Автор: Љупчо Илиев.
Крилниот напаѓач на Арсенал, 25-годишниот Жервињо на натпреварот против КПР имаше незгоден пад по кој што го напушти теренот, а Венгер за медиумите потврди дека репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ќе паузира 3 недели.
"Во споредба со минатото коло не можеме да сметаме на Жервињо, кој според проценките на нашиот медицински тим ќе биде надвор од терените три недели. Нема играчи кој ќе се опорават од повредите овој викенд, ниту Шчезни, ниту Гибс, ниту Диаби не се подготвени за враќање на терените. Во основа екипата која ќе игра би требало да биде приближно иста како и минатото коло."-вели Венгер за медиумите.
"Некои играчи сеуште чувствуваат тешкотија во нозете, но се надеваме дека ќе се опорават до Сабота (за дуелот со Манчестер Јунајтед). Во Вторник повторно имаме натпревар, така да ќе ја согледам ситуацијата во целина, можеби некој од повредените играчи ќе бидат подготвени за во Вторник (за мечот против Шалке 04)."

No comments:
Post a Comment