Автор: Љупчо Илиев.
Еден од најдобрите фудбалери на планетата и воедно суперѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо вели дека му недостасува Сер Алекс Фергусон.
27-годишниот португалец помина 6 години во Манчестер Јунајтед под водство на Сер Алекс Фергусон и нормално е да му недостасува.
Во Реал Мадрид ги освои Копа Дел Реј, Шпанскиот суперкуп и Примера, а исто така е главна ѕвезда на тимот и ја има довербата на Жозе Мурињо, но сепак вели дека му недостасува Сер Алекс Фергусон.
"Мене навистина ми недостасува Фергусон, јас имам голема врска со него." -вели Кристијано Роналдо.
"Тој е фантастична личност. Тој ме научи на многу работи. Како што реков претходно, тој е како татко на фудбалот."
"Тој некогаш работи премногу напорно. Мислам дека понекогаш неможе да отиде до тоа ниво, бидејќи, колку години има? 70? Тоа е штетно за срцето."
"Тој сеуште работи со "полна пареа", силен е, се сеќавам кога го видов за прв пат, беше моќен исто како и сега." -заврши Кристијано.

No comments:
Post a Comment