Автор: Љупчо Илиев.
Според говорењата на шпанските медиуми, Милан е заинтересиран за 21-годишниот фудбалер на Барселона, Кристијан Тељо.
Кристијан Тељо има договор со Барселона кој истекува во Јуни, а е блиску до продолжување на истиот. Како и да е, шпанските медиуми велат дека Тељо уште во Јануари може да се пресели на "Сан Сиро".
Низ шпанските медиуми веќе кружат информации и за тоа колку би чинел трансферот, некој велат дека Милан се спремни да платат 10 милиони евра за да го видат Тељо на "Сан Сиро", а други пак дека се подготвува замена - Пато во Барселона, Тељо во Милан!

No comments:
Post a Comment