Автор: Љупчо Илиев.
Мароканецот, Маруне Чамак размислува да го напушти Арсенал, а како главна причина се наведува недоволната минутажа.
На 28-годишниот "топџија" очигледно му е здосадено од "греење" клупа, па ја разгледува можноста да го напушти лондонскиот клуб како би заминал некаде каде би играл почесто.
Маруне Чамак потпиша со Арсенал на 21 Мај 2010 година, напуштајќи го Бордо по осум-годишниот престој во Францускиот клуб.
Инаку, Маруне кариерата ја започнал токму во Бордо, во 2002 година и вели дека доколку би се враќал во Франција, тоа сигурно ќе биде Бордо.
"Сеуште размислувам дали да заминам или не." -вели Чамак.
"Бордо? -Имав контакт минатиот зимски преоден рок, но немав никаков контакт со нив летово. Сепак, Бордо би можел да биде решение."
"Доколку донесам одлука да заминам од Арсенал, нема да има никаков проблем, но сеуште размислувам."
"Мојот приоритет е да останам во Англија, но доколку се вратам назад во Франција тоа сигурно ќе биде во Бордо." -завршува Мароканецот.
Инаку, Мароканецот играше на дуелот од рамките на Capital One Cup во кој Арсенал победи со 5-7 против Ридинг минатата недела и постигна два погодока.

No comments:
Post a Comment