Wednesday, February 29, 2012

Што пишуваат познатите личности денес на социјалните мрежи.

Автор:Љупчо Илиев.
Денеска сме Среда,29 Февруари 2012 година.Што денес пишуваат познатите личности ширум светот!?-Сакате да дознаете?
НонСтоп одсега ви овозможува барем 2 дена во неделата да видите што пишуваат славните на социјалните мрежи(фејсбук,твитер...).
Скипи:
,,Сите машки биле исти!?-Па никој не те терал сите да ги пробаш!" :))
Џастин Бибер:
,,Работењето на фотошопот заврши,уморно беше,ние напорно работевме."
Селена Гомез:
,,Саканата Флорида"(Селена го пишала ова и ставила линк од Америчката држава Флорида).
Енди Керол:
,,Добро утро на сите".
Марио Балотели:
29 Февруари- ,,Единствениот ден кога маж не сака да види жена на колена пред него."

Thursday, February 23, 2012

Карлинг куп финале:Кардиф-Ливерпул

Автор:Љупчо Илиев.
Во недела започнува финалето од Лига купот на Англија,односно Карлинг купот.
Големиот Ливерпул за овој трофеј ќе се бори со Кардиф.
Од Кардиф прифаќаат дека се аутсајдери,но исто така велат дека и тие не се слаб клуб и дека веруваат во своите момци кој ги донесоа до финалето.
Кардиф одлично се бореше со своите противници и стигна до финалето на Карлинг купот,а очигледно е дека и до крајот на оваа сезона ќе биде во првите 3 тима од Англискиот Чемпионшип т.е. Англиската втора лига и ќе се пласира за наредната сезона во Премиер Лигата.
Ливерпул оваа година се бори за двата купа-Карлинг и ФА куп.
Во ФА купот засега е во 1/4 финалето и ќе игра против Стоук,бидејќи го елеминираше Брајтон со 6-1 од 1/8 финалето.
Во Карлинг купот стигна до финалето со убаво одиграните дуели од 1/2 финалето кој ги одигра против Манчестер Сити,со што го победи 0-1 на Етихад,па одигра 2-2 на Енфилд и се пласираше со вкупни 3-2.
Недела,26 Февруари (17:00) - Кардиф-Ливерпул (финале карлинг куп).

Wednesday, February 22, 2012

Употреба на On-At-In.

Автор:Љупчо Илиев.
"On"- го користиме за денови.
Примep:
On Wednesday-Во Среда,
On Sunday-Во Недела и слично.

"At" - го користиме за време (саат).
Пример:
At Six o'clock-Во 6 часот.
At half past seven-Во 7 ипол.
At eight o'clock-Во 8 часот.
At quarter past two-Во 2 часот и 15 минути.

"In" - Го користиме за месеци,години,утро-попладне-навечер,за годишни времиња (пролет,лето,есен,зима).
Пример:
In 1898-Во 1898
In Spring-Во Пролет.

Оние кој немаат ништо се:
-yesterday(вчера)
-the day before yesterday(завчера)
-last night(минатата ноќ)...
И со "ago"(пред),како на пример:
Two years ago-Пред два дена,
Three years ago-Пред три дена,
Four years ago-Пред четири дена.

Tuesday, February 21, 2012

Македонски лекари ќе се обучуваат во странство


Извор:Сител ТВ.
По бугарските и српските медицински центри ги отворија вратите за македонските лекари. 50 специјалисти ќе заминат на дообука кај нашиот северен сосед.
Ќе учат како да работат на новите апарати, но и да применуваат нови методи во медицината. Покрај Институтот во Дедиње и Клиничкиот центар во Војводина, министерот за здравство во вчерашната посета на Србија, договорил дел од специјалистите да одат на обука и во реномираната ВМА во Белград.

Тодоров во изјава за Сител вели дека оваа бројка не е конечна. Годинава најмалку 250 специјалисти ќе се дообразуваат  во странски центри и сето тоа бесплатно. Престојот ќе им биде од 1 до 9 месеци во зависност од специјалноста.  
- На пример за фако метода ќе им биде потребно еден месец. Но за спинална хирургија е потребно најмалку 6 месеци, со тоа што потоа ќе дојдат нивни лекари овде уште две недели. Значи обуките се за методи кои се дефицитарни кај нас, вели Никола Тодоров министер за здравство. 
По Бугарија и Србија Тодоров потврда за бесплатна обука на лекари добил и од германски клинички центри. Следна земја за преговарање е Словенија. А по завршување на обуките, реномирани странски лекари ќе доаѓаат во македонските болници и клиники. 
- Значи работа на апаратите и нови методи се првите две фази од проектот. Третата која најверојатно ќе почне кон крајот на годината е доаѓање на лекари од стрнаство кои овде ќе ги обучуваат нашите лекари, вели Тодоров.
Тодоров веќе добил список од директорите на здравствените установи кои специјалности им фалат. Но за поголема транспарентност ќе објави и оглас во весник за пријавување на сите специјалисти кои сакаат да одат на дообразување во странство.

Sunday, February 19, 2012

Ливерпул го прегази Брајтон!

Автор:Љупчо Илиев.
Ливерпул го прегази Брајтон со фантастичните 6-1. Шкртел ја отвори фантастичната партија на  'црвените' уште во 5'минута по одлично изведениот корнер на Стивен Џерард. Потоа Луа Луа фантастично го изведе слободниот удар за Брајтон и го изедначи резултатот. 
Потоа во 44 минута Бридкат со автогол му донесе водство на Ливерпул од 2-1.Во вториот дел Керол стрелаше за 3-1 во 57 минута.Па,во 71 минута Бридкат повторно си даде автогол со што Ливерпул поведе со 4-1.
3 минути потоа Данк со автогол му донесе водство на тимот на Енфилд од големи 5-1.
Во 81 минута Луис Суарез промаши пенал,но по 4 минути ја застрела мрежата на противникот со што ја поврати својата чест пред навивачите на Ливерпул.
Ливерпул со оваа победа се пласира во 1/4 финалето од ФА Купот и ќе игра против Стоук.
На крајот од мечот гол навивач на Ливерпул излезе на теренот за да се поздрави со Карагер. :)


Saturday, February 18, 2012

ФА Куп 1/8 финалиња

Автор:Љупчо Илиев
 Осминафиналните дуели од Англискиот ФА Куп эапочнаа денес.Натпреварот помеѓу Челси и Бирмингем эаврши со 1-1.Во првиот дел Челси се покажа многу слабо,со што им доэволи на Бирмингем уште во 21 минута да го предэедат водството со погодокот на Марфи,а потоа и Мата го промаши пеналот эа Челси.Во второто полувреме играта на Лондонците се подобри,со што во 62 минута Стариџ погоди эа 1-1,како што и эаврши овој дуел.
Во 16:00 часот,односно эа некои 2-3 минути ќе стартуваат и другите осминафиналиња од ФA Купот:
Евертон - Блекпул
Милвол - Болтон
Норвич - Лејчестер.
Па,во 17:15 истотака денеска ќе стартува и последното осминафинале од ФА Купот эа денеска:
Сандерленд - Арсенал.
Сандерленд ќе сака да му се одмаэди на Арсенал эа победата од минатата недела во Премиер Лигата.А,пораэот на Арсенал во средата од 4-0 со Милан,уште повеќе го охрабрува Сандерленд.
Утре,ќе стартуваат уште 3 дуели од ФА Купот:
12:00| Кровли - Стоук
14:00| Стивенејџ - Тотенхем
16:30| Ливерпул - Брајтон.
Тотенхем веќе е во првата тројка во Премиер Лига,со што се исполнува нивната желба эа оваа сеэона.А,би им требала и титула во ФА Купот,но и Стивенејџ не е клуб кој лесно се предава.Сепак,се очекува реэултат од најмалку 0-2 во полэа на Тотенхем.
Ливерпул веќе е во финалето на Карлинг Купот т.е. Лига купот кое ќе се одигра наредната недела,против второлигашот Кардиф.Сега имаат шанса и эа уште едно финале и титула.

Thursday, February 16, 2012

Фемили само прошетаа низ Куманово,полицијата не им дозволи влез


Автор: Љ.И.
Како прво,не правиме разлики од националност,вера и слично.
Но,ова денеска беше срам..Кога 'шиптарите' ни палат знамиња,ни пеат лоши песни занас,кршат и пукаат полицијата и нејзините службеници не реагираат како што треба итн.
Прееска,на дуелот кој требаше да се одигра во Куманово,помеѓу КК Куманово и КК МЗТ.Навивачите на МЗТ не беа пуштени да навиваат од страна на полицијата.
Зошто!?

Како што напоменав,инцидентите од шиптарите ги игнорираат итн.А,поради некој извици,тепачки и такви работи не се дозволува на Фемили Аеродром да присуствуваат на дуелот!?

Срамота голема е ова.Не правам разлика како што реков помеѓу националност,вера и такви работи.Но,ова беше срам.
Кога пристигнуваа навивачите на МЗТ,беше како да доаѓаат најголемите светски терористи.Со над 5 полициски комбиња и коли беа следени автобусите на МЗТ,таканаречени Фемили Аеродром.



Wednesday, February 15, 2012

Се испијаниле па премрзнале


Автор:Љупчо Илиев.
Се испијаниле па премрзнале. Едниот 40 другиот 50 години и двајцата во акутна алкохолизирана состојба.
Поради екстремно ниските тепператури паднале на скопските улици од каде ги собрале екипи на Брза Помош. Ги згрижиле на Клиниката за Токсикологија. Едниот по опсервацијата бил пуштен на домашно лекување а другиот преноќил на Клиника. А по овие случаи лекарите со предупредување. Исклучително опасна комбинација е земањето алкохол и излегувањето на ладното време. 
... алкохолот сам по себе предизвикува проширување на крвните садови и можност за поголемо губење на телесната темература. Сите мислат ќе се напијат алкохол за да се стоплат, но напротив, тоа само ќе не олади повеќе. А да не зборувам за оние кои ќе внесат голема количина на алкохол. Ако на многу ниски температури трезен може да премрзне за 1 час, кај пијан човек за 20 минути, вели Андон Чибишев директор на Клиника за Токсикологија.
Покрај алкохолизираните, на Токсикологија деновиве примиле и премрзнат зависник од дрога. И тој поради студот и поголемото количество на опијати паднал на улица.
 ...тој бил со поголемо количество на дрога, и по опсервацијата е пуштен, вели др. Чибишев
А ладното време и замрзнатите улици и понатаму причина за голем број на пациенти со скршеници. Во градската болница 8 ми септември дневно интервенираат кај 3 до 5 такви случаи. Капацитетите се полни и на Клиниката за трауматологија. Единствено во Клиниката за хируршки болести каде во просек имаат и по 40 приеми со скршеници, вчера имале само 4,дознаваат од Сител ТВ.

ЛШ:Милан ќе проба да го разбие малерот што го има против Англиските клубови

Автор:Љупчо Илиев.
Вечерва во 20:45 ќе стартува осминафиналниот дуел од Лигата на шампионите,помеѓу Милан и Арсенал.
Милан ќе го пречека Арсенал на Сан Сиро,со цел да создаде победа на домашен терен,па потоа на Емирати да извлече добар резултат за пласман во 1/4 финалето од ЛШ.
Тиери Анри вечерва ќе го одигра својот последен меч во дресот на Арсенал.Венгер нема да го има Диаби на располагање.
Истотака,во тек е и другиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите помеѓу Зенит и Бенфика.
Резултатот засега по првите 30 одиграни минути е 1-1.
Еве една изјава од Арсен Венгер(менаџерот-тренерот на Арсенал)
 „Ние го респектираме Милан, кој е силен тим, но мислам дека ние имаме квалитети да одиме понатаму. Ќе се обидеме да ја играме својата игра. Ќе нападнеме, а истото го очекувам од нив, па мислам дека ќе имаме возбудлив и интересен меч.“
Истотака,Милан вечерва ќе проба да го разбие малерот што го има против Англиските клубови.Односно нема победа над Англиски клуб од 2007,кога го победи Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите.А,минатата сезона беше и елеминиран од осминафиналето на ЛШ од Англискиот клуб-Тотенхем.

Владата годинава одвои 113 милиони евра за земјоделците


6,23 милјарди денари или 113 милиони евра чини годинашната владина програма за финансиска поддршка на земјоделството.
Програмата содржи 37 мерки, а во фокусот се сточарството и градинарството. Од проектираните средства, 3,49 милијарди денари се за растително производство, 2,3 милијарди  за сточарството, а 130 милиони денари се за органско производство. Субвенциите за разлика од лани, годинава се зголемени за 12%
Како дополнителните мерки за развој на земјоделството, се планирани 35 милиони денари за осигурување, 3 милиони денари за заштита на земјоделско земјиште, 8 милиони денари за помош во сточарскиот сектор, и 16 милиони денари за воведување повисоки стандарди за квалитет.
Следната програма за финансиска поддршка на земјоделството, како што најави вицепремиерот Пешевски, ќе биде тригодишна. Нејзината прва верзија се очекува да биде изготвена до почетокот на мај и да се донесе најдоцна до септември или октомври оваа година.
Извор:Сител ТВ.

Tuesday, February 14, 2012

Осминафиналните дуели од Лигата на шампионите започнуваат денес

Автор:Љупчо Илиев.


За неполни 8 минути,ќе стартуваат првите две осминафинални дуели од Лигата на шампионите.
Натпреварите се вакви:
Баер Леверкузен - Барселона
Лион - Апоел.
Баер Леверкузен ќе оди на триумф за потоа на Камп Ноу во реваншот да се бори за барем реми.Но,од Леверкузен сметаат дека ќе биде тешко да се победи во овој дуел,па и реми да се одигра.Велат дека никој незнае како против нив,и дека се многу моќен тим.
Кај другиот натпревар пак,нашиот репрезентативец Тричковски со своите соиграчи од Апоел,ќе се надева на победа над Францускиот Лион.
Утре ќе се одиграат уште две осминафинални дуели од Лигата на Шампионите:
Зенит - Бенфика
Милан - Арсенал.
А,останатите 4 натпревари од осминафиналните дуели од Лигата на шампионите ќе се одиграат наредниот Вторник и Среда.

Македонија низ милениуми.

Автор:Љупчо Илиев.
Денешната наша држава се наоѓа на јужниот дел од Европа.Нашата Македонија постои со милениуми,односно со илјадници години наназад низ времето.
Првиот Македонски крал бил Пердика.По него следувале:Аргеј,Филип I,Ероп,Алкет,
Аминта I,Александар I,Пердика II и Архелај.Низ нивното владеење Македонија била само на Балканот,заедно со Хелените и некој помали племиња.Со владеењето на Филип II,Македонија зајакнала и ја завзела територијата на Хелада,со големата битка кај Херонеја,каде кој учествувал и 18 годишниот Александар.По трагичното убиство на Македонскиот крал,
Филип II,неговиот син-Александар III Македонски го наследил Македонскиот престол.Филип II планирал поход кон Азија.Како што напоменав,тој загинал на свадбата на неговата ќерка кога бил убиен,па тој проект останал во рацете на Александар III.
Александар ги довршувал подготовките и го почнал походот.Пролетта 334 година тргнале од Пела кон градот Амфаксит каде што било собирното место на македонската војска и за воените единици на соседните држави што прифатиле да учествуваат во воениот поход на Азија.Македонскиот крал имал околу 90.000 војници под своја команда,од кои 36.000 биле во составот на поморската флота.
По 20 дена марширање македонските војници го допреле копното на Азија.Точно каде што Европа и Азија речиси се допираат,кај Дарданелите,започнал преминот на почвата на Азија.
Во Азија прв стапнал македонскиот крал,кој го зарил своето копје в земја и ги изговорил зборовите:,,Азија,од бога дадена,те освојувам со моето копје!"
Потоа,македонскиот крал со неколку битки стигнал до Египет.Во Египет го пречекале како фараон,затоа што ги ослободил од Персиското ропство.По годишен престој во Египет,тој се упатил кон главниот град на Персија-Вавилон.По уште неколкубројни битки стигнал до Вавилон и го освоил,со што и потпаднала цела Персија.Неговиот учител Аристотел често му раскажувал за Индија,со што Александар посакал да ја освои и Индија.Македонските војници биле истоштени од големиот поход кој го реализирале и не им се идело на проширување на походот.Сепак,смокнале сили и освоиле мал дел од Индија.Тогаш македонската фаланга(војниците) повеќе не сакале да освојуваат,туку да се вратат во своите домови.Вавилон тогаш бил назначен за главен град на Македонското кралство,кое тогаш се протегало на 3 континенти(Европа,Азија,Африка).
Тогашната Македонија:
Големото враќање започнало,тие застанале во градот Суза каде што се направиле повеќе од 50 илјади свадби.Александар мажел свои војници со Персијки,со цел да створи поколенија и во тој дел на Азија со македонска крв.
При крајот на враќањето Александар починал од маларија.Кога го прашале кој да биде наследникот на престолот тој рекол:,,Најдобриот".Тогаш почнале внатрешни борби со што Македонското кралство ослабело и се поделило на 3 кралства,едното во Европа,другото во Азија и третото во Африка.
Македонското кралство тогаш повторно било само балканско.
Потоа Македонија потпаднала под ропство на големата Римска империја.Одкога Римската империја се поделила на Западно и Источно римско царство.Источното римско царство со друго име (Византија).
Четворицата браќа:Давид,Мојсеј,Арон и Самоил кренале востание против Византија.Тие успеале,Давид и Мојсеј загинале во битки,додека пак Арон бил натеран од Византијците да го убие брата си Самоил,но кога Самоил слушнал го убил Арон.
Тогаш Самоил завладел со македонското царство.Самоил ја освоил Бугарија и поголемиот дел од Балканска Византија,како и Драч.
Тогашното Македонско Царство(тогашната Македонија):
Потоа,во битката кај Беласица македонските 14,000 војници биле заробени и по некој настани ослепени.На 99 им ги ваделе по двете очи,а на секој 100 му оставале по 1 око.Кога стигнале во тврдината,Македонскиот цар добил инфаркт од што жалел и по 2 дена умрел.По некое време Византија повторно завладеала со Македонија,со што повторно сме потпаднале под Византиско ропство.Со распаѓането на Византија,на нејзино место дошла Османлниската империја.Крале Марко ставил темели на ново Македонско царство.Крале Марко низ песни и сказни се раскажува како голем јунак.Османлиите успеале да го поразат и завладеале со Македонија.
Османлиите 517 години не држеле под ропство.Македонците кревале востанија,но ниедно не успеало да не ослободи.Во 1913 со потпишување на Букурешкиот договор Македонија се ослободила.Букурешкиот договор гласел вака:
Егејска Македонија да и припадне на Грција,Пиринска Македонија да и припадне на Бугарија,дел од северна Македонија да и припадне на Србија и мали делови од Охридско и Преспанско езеро да и припаднат на Албанија,само во наредните 100 години.Односно во 2013 сето тоа да и се врати на Македонија.
Македонија пред потпишувањето на Букурешкиот договор:
Потоа Македонија се вклучила во составот на Југославија.Во 1991 Македонија станала независна,а за прв претседател на независна Македонија бил Кирил Глигоров,кој неодамна почина.
Денешната Македонија е на територија од 25,713 км2.Повторно на јужниот дел од Европа.Денес главен град на Македонија е Скопје,а денешната Македонска карта е ваква:

Monday, February 13, 2012

Бостон подобар од 'Биковите'

Автор:Љупчо Илиев.
Бостон на вчерашниот дуел го совлада Чикаго со 95-91.
Најзаслужен за победата на Селтикси беше Рајон Рондо со 32 поени,10 скокови и 15 асистенции.
Чикаго играше без својот најдобар играч- Дерик Роус.Тимот во отсуство на Роус го предводеа Бузер и Востон со по 22 поени.
Во тимот на Бостон доста ефикасен беше и Кевин Гарнет со постигнати 12 поени и 12 скокови.
Реј Ален постигна 11 поени,а Пол Пирс 9 поени за Селтикси.
Да го оставиме малку овој натпревар и да отидеме кај натпреварот Лејкерс - Рапторс.Натпреварот помеѓу Лејкерс и Рапторс го реши Коби Брајант во последните со секунди,со што и докажа зошто е еден од најдобрите,исто така и по којзнае кој пат им реши утакмица на Лејкерси.

Sunday, February 12, 2012

Finder | Уред кој ќе ви помага да ги најдете изгубените предмети


Автор:Љупчо Илиев.
Ако сте од тие луѓе што често ги губат своите клучеви од автомобилот или мобилниот по дома, тогаш ќе ви се допадне оваа идеја. Дизајниран е нов концепт наречен Finder кој ги користи RFID микрочиповите за да се пронајдат изгубените предмети брзо. Само погрижете се да не го 
изгубите и самиот Finder на  некое место. 
Системот ќе работи на тој начин што како прво ќе мора да ги прикачите RFID микрочиповите на самите предмети кои не сакате да ги барате со саати, регистрирајте ги и после оставете го Finder да бара. Начинот е прикажан и на сликата подоле.

„Фејсбук“ е проект на ЦИА за надзор на човештвото?


Автор:Љупчо Илиев.

Со години постојат теориите дека Марк Цукерберг е таен агент на ЦИА, но овој пат имавме прилика сето тоа да го видиме и преку „мејнстрим“ медиумите. Емисијата е стара неколку месеци, а ексклузивноста е загарантирана со многу интригантна тема – ЦИА со помош на „Фејсбук“ го надгледува сечиј профил?




Погледнете:


Saturday, February 11, 2012

Тотенхем го урна Њукасл,Барселона загуби од Осасуна.

Автор:Љупчо Илиев.
Тотенхем славеше над Њукасл со убеливи 5-0.Тотенхем за само 20 минути стигна до предност од 3-0 со голот на Асоу-Екото и двата гола на Саха.Потоа во 34 минута Крањчар погоди за 4-0,како што заврши и првото полувреме.Во второто полувреме во 65 минута Адебајор стрелаше за конечниот резултат.
Во Ла лигата односно Шпанското првенство Осасуна славеше над Барселона со 3-2.
Леќич го отвори резултатот со погодоците во 5 и 22 минута како што и заврши првиот дел.Во вториот дел Санчез ја затресе мрежата на домаќинот,па на тоа за 5 минути возврати Гарсија со уште еден погодок за Осасуна.Во 73 минута Тело со инзвонреден гол Барселона повторно ја доближи на гол разлика до Осасуна.Па потоа во крајот на осумдесетите минути Меси стрелаше,а помошните судии означија офсајд,иако немаше никаков офсајд,едноставно Барселона беше поништена од судиите во последните минути,а и сама го даде резултатот во рацете на Осасуна предтоа.

Кени:Ни јас не би се ракувал со некој кој ме нарекува „рацист“


Автор:Љупчо Илиев.
Манчестер Јунајтед славеше во најголемото Премиерлигашко дерби со 2-1.
На почетокот сите очи беа вперени во ракувањето на Суарез и Евра.Суарез сепак одби да се ракува со Евра.На тоа Кени Далглиш изјави:Ни јас не би се ракувал со некој кој ме нарекува „рацист“.
Вејн Руни го отвори резултатот со голот во 47 минута,па по 3 минути повторно Руни стрелаше за 2-0.
Потоа на 10 минути пред крајот Луис Суарез постигна погодок,по убаво изведениот слободен удар на Чарли Адам и грешката на Рио Фердинанд.
Завршницата беше драматична, Ливерпул притискаше се до последната минута.Последната шанса ја имаше Глен Џонсон,кој биеше надвор од шеснаесетникот премногу опасно високо во средината на голот,па Деа Хеа успеа да одбрани.Потоа,Манчестер го презеде нападот и со слободен удар близу до аголот,ја задржуваше топката и успеа да извлече корнер.Така заврши ова големо дерби,со што Манчестер Јунајтед го презеде врвот на табелата барем до утрешниот дуел меѓу Астон Вила и Манчестер Сити.

Типови за денес.(11.02.2012)

Aвтор:Љупчо Илиев
Типови според НонСтоп за денеска(11 Февруари).
Болтон - Виган Атлетик (1)
Свонси - Норвич (4+)
Фулам - Стоук (1)
Манчестер Јунајтед - Ливерпул (3+)
Реал Бетис - Атлетик Билбао (2)

Friday, February 10, 2012

Зошто најдоброто го чуваме за крај!?

Автор:Љупчо Илиев.

Не ви се чини дека последното парче од чоколадото е најслатко!?
Тим научници од Универзитетот во Мичиген добиле задача да откријат кои процеси во телото и мозокот ја предизвикуваат оваа необична појава, пишува Daily Mail.
Магазинот „Psychological Science“ направил психолошка студија која би можела да ја потврди „мудроста“ дека „најдоброто се чува за крај“.
„Спознавањето за крајот влијае врз нас на многу начини. Ова е еден позитивен пример: кога на човек ќе му кажеш дека нештото е последно кое ќе го добие, тој сака повеќе“, вели еден од истражувачите Ед О'Брајан, воедно и раководител на истражувачкиот тим.
Научниците дошле до сознание дека луѓето при спознавање на крајот на искуственото чувство стануваат помотивирани.
Тимот тестирал 52 студенти, а секој од нив морал да изеде пет мали чоколатца, секое со различен вкус. Покрај тоа, испитаниците морале да оценат различни вкусеви. На некои им било кажано кога ќе го јадат последното чоколатце, на некои не.
Резултатите од студијата покажале дека групата која имала информација за последното чоколатце, најдобра оценка дала токму за вкусот на тоа чоколатце, што не било случај со групата која не ја добила таа информација.
„Многу наши искуства завршуваат среќно. Од гледање филм, па до десертот на крајот на оброкот. Така што, луѓето генерално очекуваат искуствата да имаат добар крај. Тоа би можело да доведува до вакви доживувања“, вели О'Брајан.

Пријатели и Непријатели

Автор:Љупчо Илиев.
Сите имаме свои пријатели,но кои се вистински!?
Како да дознаеме кој се тие,вистинските!?
Конечен одговор на ова прашање не постои,секоја смисла за вистински пријател,како да дознаеш кој е а кој не,во секоја различна животна приказна е различна.
Постојат пријатели кој ама баш никогаш нема да ве изневерат и никогаш нема да ви кажат погрден збор.А тоа е,најдобриот човечки пријател-кучето.
Не заборавајте дека тоа без проблем може да ве касне,ама баш без проблем кога сака.Но,не ве каса.Да,има и некои кучиња кој ќе ве каснат,лаат на вас или слично.Ама сите имаат своја причина.Повеќето само лаат,или бидејќи се плашат од вас или поради причина на чување на нивниот газда.Оние кој ќе ве каснат можеби и си имаат нивна причина,не секогаш.
Но,кога ќе се спријателите со едно куче,тоа е тоа.Ќе ве сака до крајот на неговиот живот.
Друго што исто така сакам да кажам е што сите имаме своја забава,пријатели,живот,работа итн.А тоа куче,тоа те има само тебе.
Непријателите ја чекаат твојата грешка,за јавно да те опоментат.А пријателите,тајно те опоменуваат и јавно те фалат!


Thursday, February 9, 2012

Мамо,доста „дуваш“!

Автор:Љупчо Илиев.
Бесно дете ги фотографирало цигарите со марихуана на својата мајка и сликата ја испратило во полиција.
Детето старо 11 години од Дакота во Минесота, повеќе не можело да трпи да гледа како неговата мајка пуши марихуана, поради што смрдел целиот стан. По бескрајните кавги на тема на нејзиното „дување“, ја фотографирал нејзината залиха на дрога со мобилниот телефон и сликата ја испратил до својот биолошки татко кој бил раэведен од неговата мајка и до полицијата.
Полицијата пронашла околу четири килограми марихуана и ја обвинија 40 годишната Хајди и нејзиниот нов  сопруг Марк Сибналер за поседување на недозволена опојна супстанца.
Двајцата при апсењето рекле дека „немаат поим како дрогата се нашла кај нив“, а детето е предадено на биолошкиот татко.

Wednesday, February 8, 2012

Манчестер Јунајтед-Ливерпул

Автор:Љупчо Илиев.

Оваа сабота,во 13:45 ќе се одигра едно од најголемите дербија во Англија.
Суарез се врати од Осумтте натпревари суспензијата уште минатиот натпревар со што ќе игра на ова дерби.
Одбраната на Манчестер Јунајтед нема да располага со Видиќ,за кој од ден на ден се посигурна и посигурна станува информацијата дека тој нема да заигра уште еднаш сезонава поради повредата.
Ливерпул ќе оди на победа за да ѓи достигне сегашните бодови на Њукасл кој се на 5 позиција,а Јунајтед ќе оди на победа за да ја достигне разликата со Манчестер Сити кој е на 1 место и има 2 бода повеќе од Манчестер Јунајтед.
Минатиот натпревар помеѓу овие два тима беше пред неколку недели во Фа Купот.Тој натпревар се одигра на Енфилд и Ливерпул славеше со 2-1.
На минатиот натпревар помеѓу овие два тима во Премиер Лигата резултатот беше нерешен т.е. 1-1 исто така на Енфилд.
Овојпат дуелот ќе се одигра на Олд Трафорд т.е. на стадионот на Јунајтед.
Во сезоната 2008/2009 во која Ливерпул заврши како втор во премиер лигата,премиерлигашкиот дуел помеѓу овие два тима исто така на Олд Трафорд,исто така Сабота,и исто така 13:45 како и сега заврши со 1-4 за Ливерпул.Во последниве 1 до 2 години дуелите меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед се водат слично на она како Барселона и Реал.Еднаш Ливерпул победува,другпат нерешено и така.
Сепак,
САБОТА-11 ФЕВРУАРИ/ЧАСОТ:13:45
Манчестер Јунајтед-Ливерпул.

Бројни тајни откриени за мистеријата на Стоунхеџ!?


Автор:Љупчо Илиев.
Голем дел од мистеријата поврзана со најпознатата формација на карпи Стоунхенџ е разрешен на Универзитетот во Лестер. Научниците од тој универзитет, со помош на колегите од Природнонаучниот музеј „Велс“, откриле дека камените блокови на Стоунхенџ потекнуваат од локацијата „Крег Рос У Фели“, оддалечена 120 километри од познатата светска атракција.
Иако изгледа дека бројни тајни се откриени, ова откритие поставува нови прашања и недоумици. Научниците сега не се сигурни како во тоа време толку големи блокови на карпи биле превезувани од толкава оддалеченост.
„Се радуваме што го откривме потеклото на камењата, но се отворија нови прашања. Сепак, морам да кажам дека сега сме мотивирани за продолжување на истражувањата“, изјавил Роб Иксер, водителот на проектот на Универзитетот во Лестер. До најновите сознанија за чудото Стоунхенџ научниците дошле на основа на анализа на минералната содржина и текстура на карпите сместени во тоа подрачје.



Tuesday, February 7, 2012

'Сони' и 'Ериксон' се разделуваат.


Автор:Љупчо Илиев

Јапонската компанија „Сони“ стана единствен сопственик на досегашната заедничка компанија со шведската „Ериксон“ - „Сони-Ериксон“.

Европската комисија, како извршен орган на Европската унија, и одобри на „Сони“ да купи удел од „Ериксон“ за 1,05 милијарди евра.
Производителот, како што е предвидено, ќе се вика „Сони“. Јапонскиот гигант планира да купи и пет вида патенти од стратешко значење.
Компанијата „Интел“ во истовремено ја зголемува својата палета на патенти во светот на видеата, купувајќи 190 патенти од „РилНетворкс“ (RealNEtworks) за 120 милииони долари.
„РилНетворкс“ сепак ќе го задржи корисничкото право на патенти.
Sony Playstation и останатите уреди на Сони си остануваат со истото име,а одсега и телефоните 'Сони-Ериксон' ќе бидат само 'Сони'.Така тврди оваа информација,која ја откри Европската Комисија.

Дербито на Енфилд без голови!

Автор:Љупчо Илиев.



Дербито помеѓу Ливерпул и Тотенхем заврши без голови.Поседот на топката се од почетокот па до крајот беше во нозете на фудбалерите на Ливерпул.Керол имаше неколку убави шанси кој не ги искористи.Луис Суарез се врати од суспензијата од 8 натпревари и не беше во првиот тим,туку влезе во 66 минута.Во последните минути од натпреварот Бејл се проби во шеснаесетникот на Ливерпул и беше очи в очи со Пепе Реина.Бејл шутна,но само во телото на Пепе Реина.Кој потоа ја одбиваше топката,бидејќи Бејл не се откажуваше од тој напад.Но,кога топката отиде зад Реина навлезе Шкртел и ја одби в аут.Одма потоа од слободниот удар кој го нафрли Џерард,Суарез со глава стрелаше но само во рацете на Фридел.Двата тима ги пропуштија своите шанси,кој повеќе ги имаше Ливерпул.Од вчерашниот натпревар скоро сите навивачи на Ливерпул и Тотенхем очекувале по барем 1 гол од својот тим.Но,двете големи Англиски екипи на навивачите не им го дадоа тоа задоволство.
Сите натпревари од 24 коло:
Сабота 4 Февруари:
Арсенал 7-1 Блекбурн
Норвич 2-0 Болтон
Квинс Парк Ренџерс 1-2 Волверхемптон
Стоук 0-1 Сандерленд
Вест Бромвич Албион 1-2 Свонси
Виган Атлетик 1-1 Евертон
Манчестер Сити 3-0 Фулам
Недела 5 Февруари:
Њукасл 2-1 Астон Вила
Челси 3-3 Манчестер Јунајтед.
Понеделник 6 Февруари:
Ливерпул 0-0 Тотенхем
*Доколку сакате повеќе информации.Односно колку автогола имало,колку жолти картони,колку црвени картони,колку пенали од кој колку реализирани и нереализирани,повеќе слики од натпреваров или па видео за натпреварот накратко,пишете во коментар на постов или во коментар на постов на фејсбук страната на НонСтоп.

Monday, February 6, 2012

Скандал во центарот на Скопје

Автор:Љупчо Илиев.
Незнаеме како да му се спротиставиме на снегот,како што може да видите од следниве фотографии.Првата фотографирана е од Никола Томевски,а за втората иако неможеме да ви потврдиме сепак мислиме дека е од тимот на бркајработа.мк.
Погледнете го хаосот:


Sunday, February 5, 2012

Скопје низ фотографии

 Автор:Љупчо Илиев.
Погледнете го Скопје прикажан низ 22 слики.Низ овие слики се прикажани:Плоштадот Македонија,новите двокатни автобуси,крстот на водно,спортската сала Борис Трајковски,улица Македонија,музејот за Македонската борба за самостојност,Арената Филип Втори,Скопската Чаршија,Градскиот парк и Скопје од панорама.
Музејот на Македонската борба за самостојност и независност преку ден:
 Аеродромот Александар Велики:
 Фонтаната "Воин на коњ".
 Арена Филип II:
 Улица Македонија:
 Непозната Скопска улица:
 Улица Македонија:
 Панорама Скопје:
 Градски Парк Скопје:
 Триумфалната порта на плоштадот Македонија преку ден:
 Плоштадот Македонија со фонтаната "Воин на коњ":
 Пречекот на новата 2012 година:
 Слика од славењето на 20 години независност:
 Двокатните автобуси:
 Крстот на Водно:
 Панорама Скопје:
 Музејот на Македонската борба за самостојност и независност ноќе:
 Плоштадот Македонија наќитен за Нова Година и новогодишните празници:
 Триумфалната порта ноќе
 Скопската Чаршија:
 Скопското Кале:
 Спортска сала "Борис Трајковски":