Wednesday, February 15, 2012

ЛШ:Милан ќе проба да го разбие малерот што го има против Англиските клубови

Автор:Љупчо Илиев.
Вечерва во 20:45 ќе стартува осминафиналниот дуел од Лигата на шампионите,помеѓу Милан и Арсенал.
Милан ќе го пречека Арсенал на Сан Сиро,со цел да создаде победа на домашен терен,па потоа на Емирати да извлече добар резултат за пласман во 1/4 финалето од ЛШ.
Тиери Анри вечерва ќе го одигра својот последен меч во дресот на Арсенал.Венгер нема да го има Диаби на располагање.
Истотака,во тек е и другиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите помеѓу Зенит и Бенфика.
Резултатот засега по првите 30 одиграни минути е 1-1.
Еве една изјава од Арсен Венгер(менаџерот-тренерот на Арсенал)
 „Ние го респектираме Милан, кој е силен тим, но мислам дека ние имаме квалитети да одиме понатаму. Ќе се обидеме да ја играме својата игра. Ќе нападнеме, а истото го очекувам од нив, па мислам дека ќе имаме возбудлив и интересен меч.“
Истотака,Милан вечерва ќе проба да го разбие малерот што го има против Англиските клубови.Односно нема победа над Англиски клуб од 2007,кога го победи Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите.А,минатата сезона беше и елеминиран од осминафиналето на ЛШ од Англискиот клуб-Тотенхем.

No comments:

Post a Comment