Wednesday, February 15, 2012

Владата годинава одвои 113 милиони евра за земјоделците


6,23 милјарди денари или 113 милиони евра чини годинашната владина програма за финансиска поддршка на земјоделството.
Програмата содржи 37 мерки, а во фокусот се сточарството и градинарството. Од проектираните средства, 3,49 милијарди денари се за растително производство, 2,3 милијарди  за сточарството, а 130 милиони денари се за органско производство. Субвенциите за разлика од лани, годинава се зголемени за 12%
Како дополнителните мерки за развој на земјоделството, се планирани 35 милиони денари за осигурување, 3 милиони денари за заштита на земјоделско земјиште, 8 милиони денари за помош во сточарскиот сектор, и 16 милиони денари за воведување повисоки стандарди за квалитет.
Следната програма за финансиска поддршка на земјоделството, како што најави вицепремиерот Пешевски, ќе биде тригодишна. Нејзината прва верзија се очекува да биде изготвена до почетокот на мај и да се донесе најдоцна до септември или октомври оваа година.
Извор:Сител ТВ.

No comments:

Post a Comment