Saturday, February 11, 2012

Кени:Ни јас не би се ракувал со некој кој ме нарекува „рацист“


Автор:Љупчо Илиев.
Манчестер Јунајтед славеше во најголемото Премиерлигашко дерби со 2-1.
На почетокот сите очи беа вперени во ракувањето на Суарез и Евра.Суарез сепак одби да се ракува со Евра.На тоа Кени Далглиш изјави:Ни јас не би се ракувал со некој кој ме нарекува „рацист“.
Вејн Руни го отвори резултатот со голот во 47 минута,па по 3 минути повторно Руни стрелаше за 2-0.
Потоа на 10 минути пред крајот Луис Суарез постигна погодок,по убаво изведениот слободен удар на Чарли Адам и грешката на Рио Фердинанд.
Завршницата беше драматична, Ливерпул притискаше се до последната минута.Последната шанса ја имаше Глен Џонсон,кој биеше надвор од шеснаесетникот премногу опасно високо во средината на голот,па Деа Хеа успеа да одбрани.Потоа,Манчестер го презеде нападот и со слободен удар близу до аголот,ја задржуваше топката и успеа да извлече корнер.Така заврши ова големо дерби,со што Манчестер Јунајтед го презеде врвот на табелата барем до утрешниот дуел меѓу Астон Вила и Манчестер Сити.

No comments:

Post a Comment