Wednesday, February 15, 2012

Се испијаниле па премрзнале


Автор:Љупчо Илиев.
Се испијаниле па премрзнале. Едниот 40 другиот 50 години и двајцата во акутна алкохолизирана состојба.
Поради екстремно ниските тепператури паднале на скопските улици од каде ги собрале екипи на Брза Помош. Ги згрижиле на Клиниката за Токсикологија. Едниот по опсервацијата бил пуштен на домашно лекување а другиот преноќил на Клиника. А по овие случаи лекарите со предупредување. Исклучително опасна комбинација е земањето алкохол и излегувањето на ладното време. 
... алкохолот сам по себе предизвикува проширување на крвните садови и можност за поголемо губење на телесната темература. Сите мислат ќе се напијат алкохол за да се стоплат, но напротив, тоа само ќе не олади повеќе. А да не зборувам за оние кои ќе внесат голема количина на алкохол. Ако на многу ниски температури трезен може да премрзне за 1 час, кај пијан човек за 20 минути, вели Андон Чибишев директор на Клиника за Токсикологија.
Покрај алкохолизираните, на Токсикологија деновиве примиле и премрзнат зависник од дрога. И тој поради студот и поголемото количество на опијати паднал на улица.
 ...тој бил со поголемо количество на дрога, и по опсервацијата е пуштен, вели др. Чибишев
А ладното време и замрзнатите улици и понатаму причина за голем број на пациенти со скршеници. Во градската болница 8 ми септември дневно интервенираат кај 3 до 5 такви случаи. Капацитетите се полни и на Клиниката за трауматологија. Единствено во Клиниката за хируршки болести каде во просек имаат и по 40 приеми со скршеници, вчера имале само 4,дознаваат од Сител ТВ.

No comments:

Post a Comment