Автор:Љупчо Илиев.
Сите имаме свои пријатели,но кои се вистински!?
Како да дознаеме кој се тие,вистинските!?
Конечен одговор на ова прашање не постои,секоја смисла за вистински пријател,како да дознаеш кој е а кој не,во секоја различна животна приказна е различна.
Постојат пријатели кој ама баш никогаш нема да ве изневерат и никогаш нема да ви кажат погрден збор.А тоа е,најдобриот човечки пријател-кучето.
Не заборавајте дека тоа без проблем може да ве касне,ама баш без проблем кога сака.Но,не ве каса.Да,има и некои кучиња кој ќе ве каснат,лаат на вас или слично.Ама сите имаат своја причина.Повеќето само лаат,или бидејќи се плашат од вас или поради причина на чување на нивниот газда.Оние кој ќе ве каснат можеби и си имаат нивна причина,не секогаш.
Но,кога ќе се спријателите со едно куче,тоа е тоа.Ќе ве сака до крајот на неговиот живот.
Друго што исто така сакам да кажам е што сите имаме своја забава,пријатели,живот,работа итн.А тоа куче,тоа те има само тебе.
Непријателите ја чекаат твојата грешка,за јавно да те опоментат.А пријателите,тајно те опоменуваат и јавно те фалат!


No comments:
Post a Comment