Автор:Љупчо Илиев.
Во недела започнува финалето од Лига купот на Англија,односно Карлинг купот.
Големиот Ливерпул за овој трофеј ќе се бори со Кардиф.
Од Кардиф прифаќаат дека се аутсајдери,но исто така велат дека и тие не се слаб клуб и дека веруваат во своите момци кој ги донесоа до финалето.
Кардиф одлично се бореше со своите противници и стигна до финалето на Карлинг купот,а очигледно е дека и до крајот на оваа сезона ќе биде во првите 3 тима од Англискиот Чемпионшип т.е. Англиската втора лига и ќе се пласира за наредната сезона во Премиер Лигата.
Ливерпул оваа година се бори за двата купа-Карлинг и ФА куп.
Во ФА купот засега е во 1/4 финалето и ќе игра против Стоук,бидејќи го елеминираше Брајтон со 6-1 од 1/8 финалето.
Во Карлинг купот стигна до финалето со убаво одиграните дуели од 1/2 финалето кој ги одигра против Манчестер Сити,со што го победи 0-1 на Етихад,па одигра 2-2 на Енфилд и се пласираше со вкупни 3-2.
Недела,26 Февруари (17:00) - Кардиф-Ливерпул (финале карлинг куп).

No comments:
Post a Comment