Tuesday, February 7, 2012

'Сони' и 'Ериксон' се разделуваат.


Автор:Љупчо Илиев

Јапонската компанија „Сони“ стана единствен сопственик на досегашната заедничка компанија со шведската „Ериксон“ - „Сони-Ериксон“.

Европската комисија, како извршен орган на Европската унија, и одобри на „Сони“ да купи удел од „Ериксон“ за 1,05 милијарди евра.
Производителот, како што е предвидено, ќе се вика „Сони“. Јапонскиот гигант планира да купи и пет вида патенти од стратешко значење.
Компанијата „Интел“ во истовремено ја зголемува својата палета на патенти во светот на видеата, купувајќи 190 патенти од „РилНетворкс“ (RealNEtworks) за 120 милииони долари.
„РилНетворкс“ сепак ќе го задржи корисничкото право на патенти.
Sony Playstation и останатите уреди на Сони си остануваат со истото име,а одсега и телефоните 'Сони-Ериксон' ќе бидат само 'Сони'.Така тврди оваа информација,која ја откри Европската Комисија.

No comments:

Post a Comment