Во полседно време Американците имаат голем проблем со описот на
Земјата. Најверојатно некој имал неоправдан за часот по географија, кога
се учело за Европа.
По неодамнешната целосно погрешна карта на Европа, која во својата
програма ја пушти мрежата „Фокс Њус“, слична таква грешка пред неколку
дена направи и светски познатиот Си-Ен-Ен.Си-Ен-Ен исто така грешка направија и помеѓу Франција и Шпанија пред некое време.
Имено на сликава, тие главниот град на Обединетото Кралство, го сместиле, „само“
за неколку стотици километри северно од местото каде што навистина се
наоѓа.
Друга грешка која може да се забележи на оваа „новопроектирана“ карта
на Европа е тоа дека помеѓу Република Ирска и Северна Ирска нема
никакви линии со кои тие се разграничуваат.
Си Ен Ен, денеска преку социјалната мрежа Твитер, јавно се извини за
својата грешка : „Си Ен Ен, се извинува за својата грешка, за картата на
која Лондон е сместен на погрешна местоположба. Ја исправивме грешката и
се обидуваме да дознаеме како воопшто дошло до неа“, пишува „Хафингтон
Пост“.

No comments:
Post a Comment