Ливерпул го прегази Брајтон со фантастичните 6-1.
Шкртел ја отвори фантастичната партија на 'црвените' уште во 5'минута по одлично изведениот корнер на Стивен Џерард.
Потоа Луа Луа фантастично го изведе слободниот удар за Брајтон и го изедначи резултатот.
Потоа во 44 минута Бридкат со автогол му донесе водство на Ливерпул од 2-1.Во вториот дел Керол стрелаше за 3-1 во 57 минута.Па,во 71 минута Бридкат повторно си даде автогол со што Ливерпул поведе со 4-1.
3 минути потоа Данк со автогол му донесе водство на тимот на Енфилд од големи 5-1.
Во 81 минута Луис Суарез промаши пенал,но по 4 минути ја застрела мрежата на противникот со што ја поврати својата чест пред навивачите на Ливерпул.
Ливерпул со оваа победа се пласира во 1/4 финалето од ФА Купот и ќе игра против Стоук.
На крајот од мечот гол навивач на Ливерпул излезе на теренот за да се поздрави со Карагер. :)

No comments:
Post a Comment