Не ви се чини дека последното парче од чоколадото е најслатко!?
Тим научници од Универзитетот во Мичиген добиле задача да откријат кои процеси во телото и мозокот ја предизвикуваат оваа необична појава, пишува Daily Mail.
Магазинот „Psychological Science“ направил психолошка студија која би можела да ја потврди „мудроста“ дека „најдоброто се чува за крај“.
Научниците дошле до сознание дека луѓето при спознавање на крајот на искуственото чувство стануваат помотивирани.
Тимот тестирал 52 студенти, а секој од нив морал да изеде пет мали чоколатца, секое со различен вкус. Покрај тоа, испитаниците морале да оценат различни вкусеви. На некои им било кажано кога ќе го јадат последното чоколатце, на некои не.
Резултатите од студијата покажале дека групата која имала информација за последното чоколатце, најдобра оценка дала токму за вкусот на тоа чоколатце, што не било случај со групата која не ја добила таа информација.
„Многу наши искуства завршуваат среќно. Од гледање филм, па до десертот на крајот на оброкот. Така што, луѓето генерално очекуваат искуствата да имаат добар крај. Тоа би можело да доведува до вакви доживувања“, вели О'Брајан.

No comments:
Post a Comment