
Автор:Љупчо Илиев.
Голем дел од мистеријата поврзана со најпознатата формација на карпи Стоунхенџ е разрешен на Универзитетот во Лестер. Научниците од тој универзитет, со помош на колегите од Природнонаучниот музеј „Велс“, откриле дека камените блокови на Стоунхенџ потекнуваат од локацијата „Крег Рос У Фели“, оддалечена 120 километри од познатата светска атракција.
Иако изгледа дека бројни тајни се откриени, ова откритие поставува нови прашања и недоумици. Научниците сега не се сигурни како во тоа време толку големи блокови на карпи биле превезувани од толкава оддалеченост.
„Се радуваме што го откривме потеклото на камењата, но се отворија нови прашања. Сепак, морам да кажам дека сега сме мотивирани за продолжување на истражувањата“, изјавил Роб Иксер, водителот на проектот на Универзитетот во Лестер. До најновите сознанија за чудото Стоунхенџ научниците дошле на основа на анализа на минералната содржина и текстура на карпите сместени во тоа подрачје.
No comments:
Post a Comment