Monday, January 30, 2012

Студентот кој се точно одговорил,а добил 0 бодови.


Подолу се одговорите од тестот на еден студент кој кружи на Интернет. Имено, студентот успеал да ги одговори сите прашања точно, но сепак да добие 0 бодови и да не положи.

Еве ги прашањата и неговите одговори:
1. Во која битка загинал Наполеон?
- Во својата последна битка.
2. Каде била потпишана Декларацијата за Независност?
- Најдолу на страната.
3. Која е главната причина за разводот?
- Бракот.
4. Која е главната причина за неуспехот?
- Испитите.
5. Што не можеш да јадеш за појадок?
- Ручек и вечера.
6. Што личи на половина јаболко?
- Другата половина.
7. Доколку фрлите црвен камен во плаво море, каков ќе стане каменот?
- Ќе стане мокар.
8. Како може да издржи човек осум дена без спиење?
- Без проблем, ќе спие навечер.
9. Како ќе подигнете слон со една рака?
- Тешко дека ќе најдете слон што има една рака.
10. Доколку имате три јаболка и четири портокали во едната рака и четири јаболка и три портокали во другата рака, што всушност имате?
- Многу големи раце.
11. Доколку на осум луѓе им требалe десет часа да изградат ѕид, колку ќе им биде потребно на четворица?
- Ич. Ѕидот е веќе изграден.
12. Како ќе фрлите неварено јајце на бетонски под без да се скрши?
- Како сакате, бетонските подови многу тешко се кршат.
Откако ги прочитал одговорите оној кој ги прегледувал, се онесвестил

Мајами ги ожежија "биковите".

Мајами односно "Жешките" славеа на синоќешниот натпревар кој го играа со Чикаго односно "биковите" со 97-93.Дерик Роуз немаше голема подршка од своите колеги,а и прокоцкаа десетина стопроценти напади кој ги завршија со неуспех.
Леброн Џејмс и покрај 35-те поени имаше и неколку фантастични забивања.Бош нафрли 24 поени,додека Вејд 15 поени.


Роуз беше најефикасен кај Чикаго со постигнатите 34 поени.А фактот дека немаше голема помош од колегите е тоа што Ноа и Хамилтон постигнаа по само 11 поени.
Останатите натпревари:
Бостон - Кливленд 87-88
Њу Џерси - Торонто 73-94
Орландо - Индијана 85-106
Далас - Сан Антонио 101-100
Њу Орлеанс - Атланта 72-94
Минесота - ЛА Лејкерс 101-106.

Sunday, January 29, 2012

Скандалозно:Кире Лазаров не е во најдобриот тим на ЕХФ!

Автор:Љупчо Илиев.
Најдобриот стрелец во историјата на европските првенства, Кире Лазаров, кој постигна 61 гол, не е избран во Олстар тимот на ЕП во Србија 2012. Ова само докажува каква криминална организација е ЕХФ. Наградите се делат под рака, да има за сите по нешто, никој да не се лути, а според „стручњаците“ во ЕХФ подобар на позицијата десен бек од Кире Лазаров е Хрватот Марко Копљар.
Објаснувањето за Марко Копљар е дека тој е играч висок 210 сантиметри, кој е опасност за секоја одбрана. Наспроти тоа, изгледа дека според ЕХФ, Кире Лазаров, не е опасност за противниците, а постигна 61 гол на ЕП во Србија и ги обедини рекордите за најдобар стрелец во историјата на европските и на светските првенства. Покрај тоа, Кире Лазаров реализираше и 30 асистенции на ЕП, што значи дека по неговите акции Македонија директно постигна вкупно 91 гол. Марко Копљар до мечот за третото место, кој почнува во 14.30 часот, има 21 постигнат гол и 13 асистенции. Навистина, споредбата е дури и понижување за нашиот Кире Лазаров. Ама, тоа е ЕХФ, треба да има награди за сите...!     
Србинот Момир Илиќ од репрезентацијата на домаќинот е прогласен за МВП (најкорисен играч) на Европското првенство во ракомет.
Кирил Лазаров е најдобар стрелец на шампионатот, нешто што тој сам го заслужи со постигнатите голови, а не требаше да добива гласови од ЕХФ.
За најдобар дефанзивен играч на ЕП е избран Виран Морос од Шпанија.

Saturday, January 28, 2012

Мудроста-со неа до целта.

Автор:Љупчо Илиев.

Народни поговорки и мудри постапки може да заклучиме од нашите баби и дедовци,кој ги добивале од нивните баби и дедовци,а тие пак од нивните баби и дедовци и се така.Исто така може да видиме некои од Народните приказни кој ги има на МТВ,Сител,Канал 5 и други.Доколку сме спремни да постигнеме нешто,некоја цел.Треба да се бориме за тоа до крај,одлично е доколку во таа цел се служиме со мудроста,која е пренесувана преку поколенија,и мудроста која е од денешен човек кажана,но вредна.

Friday, January 27, 2012

Македонските ракометари меѓу 5 ракометни врвови на Европа!

Нашите ракометари го зграпчија петтото место на Европското ракометно првенство,со четвртата победа која ја направија пред неколку часа,односно победата над Словенија со 28:27.Со самата победа над Словенија нашите ракометари како и нашите кошаркари и ватерполисти се пласираа на Олимписките квалификации.Еве една од изјавите на нашите ракометари:
Миркуловски: -Се чини дека сме специјализирани за овие инфаркт натпревари. Знам дека им беше тешко и на навивачите и на целата македонска јавност, но нам на теренот ни беше најтешко. Ова е голем ден за македонскиот спорт и за секој Македонец. Докажавме дека можеме да играме против сите, против најголемите репрезентации. Ја остваривме целта, се пласиравме на олимписките квалификации и пласманот во Лондон ќе биде голем успех за оваа генерација, изјави Миркуловски.
Кире Лазаров пак се запиша во ракометната историја.Го сруши рекордот за постигнати погодоци на едно Европско првенство.Рекордот беше 58 погодоци,Лазаров пред натпреварот имаше 53 и со 8 погодоци над Словенија се запиша во историјата,односно вкупно 61 погодоци.


Борко Ристовски:
Среќни сме што израдувавме 2 милиони народ!

Нашиот Претседател пак, Ѓорѓе Иванов најави дека на ракометарите исто како и на кошаркарите ќе им подари медал за заслуги и храброст.


Wednesday, January 25, 2012

Среќен роденден Тоше,легендите живеат вечно!


На денешен ден 1981 се роди нашата легенда Тодор Проески.Тој со својата хуманост која ја изрази преку:Дарба на крв,донирање пари во доброволни цели со тоа што правеше голем број концерти,а добиените пари од поголем дел од Концертите ги даваше во хуманитарни цели.Роден во Прилеп,Македонија на 25 јануари 1981,а почина на 16 октомри 2007 во Нова Градишка Хрватска.
Тодор „Тоше“ Проески (25 јануари 1981 - 16 октомври 2007) беше познат македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започнува со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победува изведувајќи ја песната Yesterday од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998). Има блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори. Се смета дека подемот во неговата кариера започнува по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година. Во меѓувреме Тоше станува дел од продуцентската куќа Авалон, каде што останува се до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година е прогласен за Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.
Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на Национална Жалост

Tuesday, January 24, 2012

Кошаркарско лето,Ракометна зима,Македонија со спортска клима!

Автор:Љупчо Илиев.
Овој месец дефинитивно главна тема на поголемиот дел Македонци не само во Македонија,туку и насекаде околу светот им е Македонската ракометна репрезентација.Македонскиот спорт нема многупати доживувано големи спортски триумфи.Во Светското Првенство во 2009 Македонската ракометна репрезентација заврши на 11 место.Сега има мала шанска за да продолжи во третата фаза од Ракометното Европско првенство во Србија.Македонските кошаркари минатото лето направија нешто многу неочекувано,а тоа е тоа што завршија 4 место во Европското првенство во кошарка,односно со еден збор кажано нашата репрезентација е 4-врта во Европската кошарка.Исто така во Европското првенство кое се одржуваше минатото лето во Литванија Македонската репрезентација ги победи:Хрватска,Грција,Финска,Босна и Херцеговина,Грузија,Литванија и Словенија.Кошаркарите ги пречекавме како вистински херои,се одржи голема церемонија како што знаеме сите,официјалниот пречек беше на Аеродромот ''Александар Велики''.По пречекот на Аеродромот,со двокатниот Панорама автобус,минуваа низ автопатот и Скопските булевари.На крај,поминаа низ триумфалната порта и на плоштадот започна церемонијата,славењето за 4 место на Македонските кошаркари.
Со еден збор:
Кошаркарско лето,Ракометна зима,Македонија со спортска клима! ;)

Кратка биографија за Бруно Марс.



Питер Џин Хернандез (англиски Peter Gene Hernandez) повеќе познат со неговото сценско име Бруно Марс (анг. Bruno Mars), е американски пејач – текстописец и продуцент. Израснат воХонолулуХаваи од семејство на музичари, Марс почнал да се занимава со музика уште од рана возраст. По настапите во неколку музички настани во неговиот роден град во текот на неговото детство, тој одлучил да следи музичка кариера и се преселил во Лос Анџелес. Почнал да продуцира песни за други пејачи придружувајќи му се на продукцискиот тим The Smeezingtons.
Тој стана познат како соло-пејач откако го позајми својот вокал и помогнал во пишувањето на текстот на песната “Nothin' on You” од Б.о.Б (анг. B.o.B) , и “Billionaire” од Travie McCoy. Тој исто така е ко-автор на хитот “Right Round” од Фло Рида (en:Flo Rida) со Кеша (en:Kesha), “Wavin’ Flag” од K’naan, “Fuck You!” од Cee Lo Green. Во откомври 2010 година, тој го издаде својот прв деби албум,Doo-Wops & Hooligans. Познат по сингловите „Just the Way You Are” и “Grenade”, албумот стигна на местото број три на Billboard 200[2] листата. Тој е номиниран за седум Греми награди (на англиски Grammys) за 53-тите Награди Греми (на англиски Grammy Awards), кои се одржaa на 13 февруари 2011 година, освојувајќи ја наградата за Најдобра Машка Поп Изведба за песната „Just the Way You Are”.


Monday, January 23, 2012

Добивме уште една битка!

Репрезентацијата на Македонија славеше над Полска,со 27-25.Македонските ракометари во ниту еден момент не го загубија водството,водеа убедливо,сепак на крајот Пољаците го доближија резултатот,но нашите ракометари силно се бореа до крај.Борко Ристовски 19 пати ја сочува мрежата,на натпреварот со Полска беше вистински јунак,па и сосема заслужено ја доби титулата Играч на натпреварот.Кирил Лазаров беше најефикасен во нашата репрезентација со 9 постигнати погодоци.Борко како вистинскиот јунак кој ја сочува мрежата 19 пати како што напоменавме,од македонците на социјалната мрежа фејсбук беше со шега секако именуван како новиот Министер за Одбрана на Македонија :) .
Натпреварот со Полска во првите 15-етина минути беше скоро ист како и на првите 15 минута на натпреварот со Данска.Но,за разлика од натпреварот со Данска овојпат не ја испуштивме големата предност од раце.Ја чувавме до крај,иако дојдовме на конец,на 2 позитива,а цела утакмица водевме со +4.Сепак,победивме!
Успеавме да влеземе меѓу првите 3 екипи во Групата И.Но,за да останеме меѓу тие,за да одиме понатаму ни треба победа над Србија.Одиме Македонки,Македонци! ОДИМЕ НА ПОБЕДА НАД СРБИЈА!!!

Преглед Премиер Лига 22 коло.

Преглед Премиер Лига 22 коло.
Беа доделени 25 жолти и 1 црвен картон.35 погодока и 6 досудени пенали од кои реализирани 4.
Јануари 21 Сабота:
 Норвич Сити 0-0 Челси
 Евертон 1-1 Блекбурн Роверс
 Фулам 5-2 Њукасл Јунајтед
 Квинс Парк Ровер 3-1 Виган Атлетик
 Стоук Сити 1-2 Вест Броумвич Албион
 Сандерленд 2-1 Свонси Сити
 Волверхемптон 2-3 Астон Вила
 Болтон 3-1 Ливерпул
Јануари 22 Сабота:
 Манчестер Сити 3-2 Тотенхем Хотспур
 Арсенал 1-2 Манчестер Јунајтед

Sunday, January 22, 2012

Назад на училиште.

Автор:Љупчо Илиев.
Зимскиот распуст е на самиот крај.Уште 12тина часови не делат до ѕвонот на училишното ѕвонче.Доколку на распустот седевме по од 3 до 5 часа на компјутер дневно сега ќе седиме по 1 до 2 часа.Но,некој повторно со компјутерот повеќе ќе се служи,отколку со книгата.Сепак,земете ја книгата и фатете се за учење.Не е шала,во тоа учење е вашата иднина,добро средно училиште,факултет и работа.Јас вака пишувам,но и самите знаете дека и мене не ми се учи.Али тоа е,што да се прави.Со крајот на зимскиот распуст и активноста на страните ќе се намали.На распустот објавувавме од 3 до 5 објави на ден,сега ќе објавуваме од околу 1 до 3 постови.Секако,и активноста на фановите ќе се намали поради училишните обврски.Среќно второ полугодие на сите ученици.

Девојки на денот

Девојки на денот (22.1.2012) Недела.

Audi R8 Limo | Првата супер лимузина со V10 мотор.



Скапите супер автомобили се кул, екстремно брзи, имаат одлично ракување основано од истражувања од повеќе милиони долари и откако ќе ви помине меракот, можете да ги продадете на некој друг за многу пари. Но проблемот е тоа што може да повикате само еден пријател да се вози со вас.
“Limo Brokers” во В.Британија тврдат дека го имаат одговорот со една типично луда идеја. Да претворат едно Audi R8 во лимузина со 8 седишта и 8 крилести врати. Многу детали за автомобилот не постојат. Но повеќе од веројатно е дека оваа идеја ќе се реализира, а инженерите ќе имаат тешка задача во тоа. Погледнете го видеото да имате подобра претстава за што се работи.
Можете да погледате тука:
 http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=sCPXsxMuVno

Saturday, January 21, 2012

Војната ја продолжуваме со уште една загубена битка.

Македонските ракометари загубија во несреќен крај против Данската репрезентација.Првото полувреме го започнавме добро и се држевме добро,најголемото водство беше 19:13 во првото полувреме на нашата репрезентација.Па,со 3 гола во низа за Данците полувремето заврши со Македонија 19:16 Данска.Во второто полувреме паѓавме на 1 разлика,па изедначувања се додека Данците не поведоа со 3 гола разлика.
Се бореа и дојдоа до нерешен резултат,но во последната односно 59 минута во завршницата Македонските ракометари се бореа со добиени фаули кој Данците ги правеа над нас.
Наумче Мојсовски ја превзема одговорноста и влезе да шутне.Направи два чекора,се пробиваше со еден Дански репрезентативец па со трет чекор стрелаше во голот.Шпанските судии го поништија голот,со изговор дека Наумче направил чекори.


По поништениот гол,добивме повторно удар од 9 метри.Кире Лазаров шутна,но за жал за малку непрецизно.Потоа Данците со брз напад дојдоа до погодок.Ристовски неможеше ништо да направи,сепак тој имаше повеќе од 10 одбрани на дуелот.На крај,за жал загубивме со 32-33.Но,тоа е.Одиме понатаму!

Девојки на денот.

Девојки на денот. (21.1.2012) Сабота.







Вечерва "Неговите Арии" во чест на Тоше.

Вечерва во Македонската Опера и балет ќе се одржи четвртиот меморијален концерт за Тоше Проески, по повод неговиот роденден (25 јануари). Овој концерт ќе биде поинаков од трите преходни, бидејќи песните на Проески, ќе прозвучат во нови, оперски аранжмани.
 Концертот е насловен „Неговите арии“ и ќе го води диригентот Саша Николовски-Ѓумар, а ќе настапат  оперски солисти од Македонија, Србија, Словенија, Хрватска и од Бугарија, придружени од хорот „Про арс“, Оркестарот на МОБ и Бендот на Тоше.
 Автори на новите аранжмани за оперски оркестар, хор и бенд се Сашо Николовски-Ѓумар, Сашко Николовски  и Дамир Имери. Учествуваат македонските оперски пејачи Ѓорѓи Цуцковски и Весна Ѓиновска-Илкова, српските Сања Керкез и Иван Томашев, Еделина К’нева од Бугарија, Иве Гамулин-Џани од Хрватска и Аленка Готар од Словенија, како и пијанистот Симон Трпчески и гитаристот Влатко Стефановски.

- Ова е нешто поинакво, а повторно прилега на Тоше и не беше туѓо за него. Операта беше негова голема љубов...и овој настан е невообичаен и ја отсликува  големината на Тоше различно од сите досегашни концерти... Тоше имаше многу фанови, дел од нив се љубители на операта, па овој настан е одлична можност за нив, рече вчера на прес-конференција Андреј Николоски, претседател на Фондацијата „Тоше Проески“.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека утрешниот концерт ќе открие уште еден сегмент од уметничката работа на Тоше -  неговата прва љубов - класичната музика.

- На концертот ќе ги слушнеме неговите песни со нови аранжмани, обработки од албумот „Божилак“ и неговите интерпретации на познати арии, со кои повторно ќе се потсетиме на моќта на неговиот вокал и на неговата харизма. Верувам дека концертот  ќе биде вистинско уживање за сите обожаватели и почитувачи на музиката на Тоше и дека ќе разбуди многу емоции, рече Канческа-Милевска. Таа нагласи дека Министерството ќе продолжи да го поддржува негувањето на ликот и делото на Тоше и најави промоција на монографија за него во април.

Оперската певица од Словенија Аленка Готар, која има учествувано на првиот меморијален концерт, истакна дека е почестена од поканата зашто Тоше и бил личен пријател.

- Голема чест е што можам да бидам тука  од почит, љубов и пиетет кон Тоше. Ќе ја пеам песната  „Једина“ за нашиот единствен Тоше, рече Готар.

Сања Керкез истакна дека во изминатите 15 години често гостувала во МОБ, но првпат за ваков повод.

- Не сум пеела ништо освен опера и ова ќе биде голем предизвик, особено зашто бев голем фан на Тоше, чија музика е нешто специјално и, според мене, никогаш пред него и по него не е забележано на естрадата, рече Керкез. Таа ќе ја пее „Још увек сањам да смо заједно“, а во дует со тенорот Благој Нацоски - „Игри без граници“.

Организацијата на концертот чини околу 35 илјади евра, обезбедени од Фондацијата „Тоше Проески“ и од Министерството за култура. Во продажба се пуштени 600 влезници, колку што е капацитетот на МОБ. Во однос на изминатите три концерти, кога влезниците беа 250 денари, за овој чинат по 1.200 денари, а дел од приходот е наменет за опремување на Клиниката за детски болести.

- Фондацијата свесно влегува во финансиска загуба, но се додека има можност ќе продолжиме со она што Тоше го остави во аманет...Жалам за негативните коментари, но подготвување концерт како овој има и многу трошоци - за организација, техника, аранжмани, распишување партитури, озвучување, дневници за уметници и учесници, па се до авионски карти и сместување на гостите од странство, рече Николоски. Тој додаде и дека Македонската опера и балет е избрана за локација поради техничките услови и зашто е институција од културата со која се совпаѓа концептот за проектот.

Првиот меморијален концерт беше одржан на 5 октомври 2008 на Градскиот стадион, каде што една година претходно Тоше го одржа својот последен концерт. Од 2010 меморијалните концерти се организираат во јануари по повод роденденот на Тоше. Вториот и третиот концерт (2010 и 2011) се одржаа во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Friday, January 20, 2012

Преостанати натпревари на Репрезентацијата на Македонија од ''Групата И''


На нашата Репрезентација од ''Групата И'' и преостануваат уште 3 натпревари,а тоа се против Данска,Полска и Србија.
21 јануари : Македонија - Данска (18.15 ч.)
23 јануари : Македонија - Полска (16.20 ч.)
25 јануари : Македонија - Србија (20.15 ч.)
Во ''Групата И'' нашата репрезентација се наоѓа на Четвртата позиција.Но,тоа засега не е ништо страшно,со барем 2 победи од 3те натпревари ќе створиме многу добар резултат на табелата,а одличен пак доколку победиме на сите 3 натпревари.
Табелата на ''Групата И'' засега е ваква:
1.Србија - 4 бода
2.Германија - 4 бода
3.Полска - 2 бода
4.Македонија - 1 бод
5.Шведска - 1 бод
6.Данска - 0 бодови.

Девојки на денот.

Девојки на денот (20.1.2012) Петок.

Што пишуваат денешните весници околу Премиер Лигата

Daily Mirror  
* Нил Ворнок верува дека неговата менаџерска позиција во КПР, била загрозена и од фудбалерите ид фановите.
* Андре Вилаш Боаш изјави дека Фернандо Торес не паднал на психички план, откако се почесто беше втор избор после Дидие Дрогба.
* Рома се вклучи во трката за Равел Морисон.
* Стоук одбиле понуда од Ал Хилил за Кенвајн Џонс. Тони Пулис бара 12 милиони фунти за напаѓачот.
Daily Mail
* Дејвид Бекам синоќа откри дека сака да биде капитен на селекцијата на Велика Британија.
* Лил го посакува Себастиен Басонг од Тотенхем на позајмица.
* Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за Николас Гаитан.
* Менаџерот на Свонси, Брендан Роџерс започна преговори за останување на Либерти стадионот, со нов договор.
The Times
* Давид Де Геа доби препорака на лето да замине на ласерски третман за очите.  
Daily Express
* Доколку Дидие Дрогба на лето премине во Шангај Шенхуа ќе заработува по 270.000 фунти неделно.

Кратка биографија за Јагуар.

 Поголемиот дел од времето јагуарот го поминува сам на некоја голема територија,која може да опфаќа и 500 квадратни километри и варира во зависност од присуството на плен.Мажјаците ретко се среќаваат и,ако се случи тоа,симулираат меѓусебна борба,но ретко се повредуваат еден со друг.
Јагуарот се среќава во Јужна Америка.Се препознава по влакното прошарено со црни дамки,по масивното тело и широката глава.Може да се јази на дрвја за да се одмара на некоја гранка или да ги демне своите жртви.
Ова моќно животно од родот мачки е способно да убие Алигатор со едно каснување со забот во тилот.Меѓутоа,тоа има и свои непријатели:прво човекот,а потоа Анакондата,која е способна да го задуши обвивајќи се околу него.

Wednesday, January 18, 2012

2 Споредби меѓу познати ѕвезди и обични граѓани


Обичен 50 годишник.
Џони Деп исто така 50 годишник.

                                                                   














                                   
Обичен 66 годишник

                                                                                               
Силвестер сталоне исто така 66 годишник.







   

                                                             

Tuesday, January 17, 2012

Ја загубивме битката,но не и војната!


Македонската ракометна репрезентација го загуби дуелот против Германија која се бореше за победа,бидејќи само така можеше да се спаси од испаѓање.Нашата репрезентација не успеа да го држи резултатот до крај,па загубивме со 1 гол разлика односно 23-24.Но,сепак не е крај.Единствениот услов да продолжиме е да го победиме нашиот следен противник,а тоа е Чешката репрезентација.На изминатиот односно натпреварот со Германија,Исландските судии направија многу неправдини спрема нашите репрезентативци,со тоа што не важеа сомнителни фаули и по секоја цена гледаа да го продолжат нападот на Германската репрезентација.Но,сепак да не ѓи бараме кривците,изгубивме и веќе ништо неможе да се врати.Да гледаме пред себе,да гледаме пред победа над Чешка,чиј Селектор да не заборавиме изјави дека сме биле најголеми аутсајдери во групата.Убаво ќе беше да победиме и директно да ја избришеме Германија од првенството,но сепак тоа е тоа.Па одиме да му докажеме на Чешкиот Селектор и останатите дека не сме аутсајдери,да ја бодриме Македонската ракометна репрезентација до крај,за Македонија се ЖИВЕЕ,за Македонија се УМИРА.
МАКЕДОНИЈА се САКА,МАКЕДОНИЈА се ЉУБИ,и кога ПОБЕДУВА,и кога ГУБИ!

Кратка биографија за Орангутан.

Орангутанот лесно се движи од гранка на гранка како што прави Тарзан.Но затоа,на земја тој е помалку вешт поради неговите кратки и подвиткани нозе.Орангутанот е Вегетаријанец и се храни со овошни плодови,посебно со смокви,но најмногу го сака диријанот.Тоа е крупен вкусен плод,но со непријатна миризба.Орангутанот ноќе спие на дрвјата.Младите мајмунчиња остануваат покрај својата мајка до возраст од 5 години.Потоа,како возрасни,се собираат во мали групи.Штом ќе порасне,Орангутанот е главно самотно животно.

Monday, January 16, 2012

Преглед Премиер Лига 21 коло.


Заврши 21 коло во Премиер Лигата со вкупно 22 погодока,25 жолти картона,1 црвен картон,со 7 победи и порази и 3 нерешени резултати.Исто така и без автогол.

Јануари 14 Сабота
 Астон Вила 1-1 Евертон
 Блекбурн 3-1 Фулам
 Челси 1-0 Сандерленд
 Ливерпул 0-0 Стоук Сити
 Манчестер Јунајтед 3-0 Болтон
 Тотенхем 1-1 Волверхемптон
 Вест Бромвич Албион 1-2 Норвич Сити
Јануари 15 Недела
 Њукасл Јунајтед 1-0 Квинс Парк
 Свонси Сити 3-2 Арсенал
Јануари 16 Понеделник
 Виган Атлетик 0-1 Манчестер Сити .

Гувернерот Богов вели дека падот на еврото нема да влијае на денарот


Намалувањето на рејтингот на девет земји од еврозоната и рекордниот пад на еврото во однос на доларот изминатите 16 месеци нема да влијае на македонските пари, уверува гувернерот Богов. 

Тој вели дека пазарите го очекувале падот на рејтинзите на европските економии и веќе го апсорбирале шокот, додека соододност на доларот и еврото не ги прави граѓаните ниту побогати ниту посиромашни.
- Нема простор за загриженост. Соодносот долар - евро постојатно е подложен на промена меѓутоа не ги засега граѓаните на Македонија. Последните 10 години иако еврото ја зголеми вредноста за 50 проценти во однос на доларот, тоа не значеше ништо за македонските граѓани, односно никој не се почувствува за толку побогат, така што и сега ако оди во обратна насока ние нема да се почувствуваме посиромашни, истакна гувернерот Димитар Богов.
Гувернерот денеска го информирал претседателот Иванов дека макроекономската состојба останува стабилна и покрај случувањата во еврозоната. 
- Она што ми беше презентирано укажува дека треба да бидеме задоволни од општата состојба во економијата, каде индикаторите покажуваат дека ќе имаме раст од три отсто кој е можеби скромен, но во овие услови е сепак индикатор кој укажува на очекување и будење на еден оптимизам, истакна Иванов
Додека намалувањето на рејтинзите беше очекувано, според аналитичарите, поголема грижа за  пазарите се заглавените преговори меѓу грчката влада и банките за отпишување на половина од долговите на државата.

Виган Атлетик-Манчестер Сити


Вечерашниот дуел (16 Јануари 2012 Понеделник) како последен од 21 коло на Премиер Лигата помеѓу Виган Атлетик - Манчестер Сити.Ќе се одржи во 21:00 часот на стадионот на Виган Атлетик,односно на http://en.wikipedia.org/wiki/DW_Stadium .Манчестер Сити по победата на Манчестер Јунајтед врз Болтон со 3-0 дојде до израмнувачки бодови со Јунајтед на табелата,односно и двата тима по 48 бода.Но,доколку вечерва Сити слави над Виган повторно ќе се искачи на првата позиција на табелата во Англиското фудбалско првенство таканаречено Премиер Лига.Натпреварот може да го следите на СпортКлуб+ со директен пренос во 21:00 напоменавме.Оние кој ја немаат телевизијата СпортКлуб+ нека пишат во коментар одкога ова ќе го објавиме на нашата фејсбук страна  http://www.facebook.com/nonstop.official за да им дадеме линк со Стрим за натпреварот помеѓу Виган Атлетик и Манчестер Сити.

Sunday, January 15, 2012

Единаесет прекрасни надворешни соби.

Еве слики од 11 надворешни соби,кој ќе ве остават без зборови.Слики од поразлични стилови на надворешни соби,но доволни за да се заљубите на прв поглед.Погледнете и ќе се уверите! :)) 












Saturday, January 14, 2012

Македонската ракометна фаланга утре ја започнува првата битка во Ниш!

Утре односно 15 Јануари 2012 година започнува Европското ракометно првенство во Ниш.Шведската Репрезентација која 4 пати се красела со Европската и 4 пати со Светската ракометна титула ќе биде првиот наш противник.Натпреварот ќе започне во 19:25 со директен пренос на Сител ТВ.До сега купени околу 3450 карти од Македонски Навивачи.
Одиме МАКЕДОНИЈО ! Одиме на МЕДАЛ !