Македонските ракометари загубија во несреќен крај против Данската репрезентација.Првото полувреме го започнавме добро и се држевме добро,најголемото водство беше 19:13 во првото полувреме на нашата репрезентација.Па,со 3 гола во низа за Данците полувремето заврши со Македонија 19:16 Данска.Во второто полувреме паѓавме на 1 разлика,па изедначувања се додека Данците не поведоа со 3 гола разлика.
Се бореа и дојдоа до нерешен резултат,но во последната односно 59 минута во завршницата Македонските ракометари се бореа со добиени фаули кој Данците ги правеа над нас.
Наумче Мојсовски ја превзема одговорноста и влезе да шутне.Направи два чекора,се пробиваше со еден Дански репрезентативец па со трет чекор стрелаше во голот.Шпанските судии го поништија голот,со изговор дека Наумче направил чекори.
По поништениот гол,добивме повторно удар од 9 метри.Кире Лазаров шутна,но за жал за малку непрецизно.Потоа Данците со брз напад дојдоа до погодок.Ристовски неможеше ништо да направи,сепак тој имаше повеќе од 10 одбрани на дуелот.На крај,за жал загубивме со 32-33.Но,тоа е.Одиме понатаму!



No comments:
Post a Comment