Friday, January 13, 2012

Џерард:Нема да играм за друг клуб освен Ливерпул!



Џерард: Нема да играм за друг клуб освен Ливерпул

Ствен Џерард, иако вчера ја продолжи верноста кон Ливерпул, се надева дека со добри игри во иднина ќе си обезбеди уште еден договор

Капитенот на ’Црвените’ вчера стави потпис на нов договор. Ливерпул не ја откри должината на договорот, но Џерард се надева дека тоа нема да биде негов последен.

31 годишниот англиски репрезентативец посакува да игра што е можно подолго, и со добрите перформанси во иднина да обезбеди нов договор.

“Задоволен сум што потпишав нов договор, и возбуден сум за иднината.” – рече Џерард заLiverpool Echo.

“Се надевам дека ќе продолжам да играм и по истекот на овој договор.”

“Се чувствувам фит и силен, и сакам да продолжам да играм што е можно подолго.”

“Не сакам да поставам датум за моето пензионирање. Се додека се чувствувам добро и прикажувам игри на топ ниво, ќе продолжам да играм.”

“Се надевам дека за неколку години ќе заработам нов договор со моите перформанси.”

“Доколку Ливерпул не ми понуди нов договор по овој, мислам дека нема да играм за друг клуб.”

“Во овој клуб сум уште од мојата осма година, и го живеам сонот.”

“Во овој момент можам да се видам како играм само за Ливерпул.”

“Ќе бидам фудбалер што целата кариера ја поминал само во еден клуб, и тоа ми значи многу.”

Џерард исто така прифати да биде амбасадор на Ливерпул, кога ќе стави крај на кариерата.

“Поласкан сум што Ливерпул ми понуди прилика да останам во клубот по крајот на фудбалската кариера.”

“Се надевам дека ќе бидам инволвиран во работењето на клубот и ќе поставам прав пример за младите фудбалери. Но амбасадорската улога ќе почека.”

“Има уште многу работи кои сакам да ги постигнам како фудбалер.”

No comments:

Post a Comment