Monday, January 16, 2012

Гувернерот Богов вели дека падот на еврото нема да влијае на денарот


Намалувањето на рејтингот на девет земји од еврозоната и рекордниот пад на еврото во однос на доларот изминатите 16 месеци нема да влијае на македонските пари, уверува гувернерот Богов. 

Тој вели дека пазарите го очекувале падот на рејтинзите на европските економии и веќе го апсорбирале шокот, додека соододност на доларот и еврото не ги прави граѓаните ниту побогати ниту посиромашни.
- Нема простор за загриженост. Соодносот долар - евро постојатно е подложен на промена меѓутоа не ги засега граѓаните на Македонија. Последните 10 години иако еврото ја зголеми вредноста за 50 проценти во однос на доларот, тоа не значеше ништо за македонските граѓани, односно никој не се почувствува за толку побогат, така што и сега ако оди во обратна насока ние нема да се почувствуваме посиромашни, истакна гувернерот Димитар Богов.
Гувернерот денеска го информирал претседателот Иванов дека макроекономската состојба останува стабилна и покрај случувањата во еврозоната. 
- Она што ми беше презентирано укажува дека треба да бидеме задоволни од општата состојба во економијата, каде индикаторите покажуваат дека ќе имаме раст од три отсто кој е можеби скромен, но во овие услови е сепак индикатор кој укажува на очекување и будење на еден оптимизам, истакна Иванов
Додека намалувањето на рејтинзите беше очекувано, според аналитичарите, поголема грижа за  пазарите се заглавените преговори меѓу грчката влада и банките за отпишување на половина од долговите на државата.

No comments:

Post a Comment