Friday, January 27, 2012

Македонските ракометари меѓу 5 ракометни врвови на Европа!

Нашите ракометари го зграпчија петтото место на Европското ракометно првенство,со четвртата победа која ја направија пред неколку часа,односно победата над Словенија со 28:27.Со самата победа над Словенија нашите ракометари како и нашите кошаркари и ватерполисти се пласираа на Олимписките квалификации.Еве една од изјавите на нашите ракометари:
Миркуловски: -Се чини дека сме специјализирани за овие инфаркт натпревари. Знам дека им беше тешко и на навивачите и на целата македонска јавност, но нам на теренот ни беше најтешко. Ова е голем ден за македонскиот спорт и за секој Македонец. Докажавме дека можеме да играме против сите, против најголемите репрезентации. Ја остваривме целта, се пласиравме на олимписките квалификации и пласманот во Лондон ќе биде голем успех за оваа генерација, изјави Миркуловски.
Кире Лазаров пак се запиша во ракометната историја.Го сруши рекордот за постигнати погодоци на едно Европско првенство.Рекордот беше 58 погодоци,Лазаров пред натпреварот имаше 53 и со 8 погодоци над Словенија се запиша во историјата,односно вкупно 61 погодоци.


Борко Ристовски:
Среќни сме што израдувавме 2 милиони народ!

Нашиот Претседател пак, Ѓорѓе Иванов најави дека на ракометарите исто како и на кошаркарите ќе им подари медал за заслуги и храброст.


No comments:

Post a Comment