Автор:Љупчо Илиев.
Овој месец дефинитивно главна тема на поголемиот дел Македонци не само во Македонија,туку и насекаде околу светот им е Македонската ракометна репрезентација.Македонскиот спорт нема многупати доживувано големи спортски триумфи.Во Светското Првенство во 2009 Македонската ракометна репрезентација заврши на 11 место.Сега има мала шанска за да продолжи во третата фаза од Ракометното Европско првенство во Србија.Македонските кошаркари минатото лето направија нешто многу неочекувано,а тоа е тоа што завршија 4 место во Европското првенство во кошарка,односно со еден збор кажано нашата репрезентација е 4-врта во Европската кошарка.Исто така во Европското првенство кое се одржуваше минатото лето во Литванија Македонската репрезентација ги победи:Хрватска,Грција,Финска,Босна и Херцеговина,Грузија,Литванија и Словенија.Кошаркарите ги пречекавме како вистински херои,се одржи голема церемонија како што знаеме сите,официјалниот пречек беше на Аеродромот ''Александар Велики''.По пречекот на Аеродромот,со двокатниот Панорама автобус,минуваа низ автопатот и Скопските булевари.На крај,поминаа низ триумфалната порта и на плоштадот започна церемонијата,славењето за 4 место на Македонските кошаркари.
Со еден збор:
Кошаркарско лето,Ракометна зима,Македонија со спортска клима! ;)

No comments:
Post a Comment