Monday, January 23, 2012

Добивме уште една битка!

Репрезентацијата на Македонија славеше над Полска,со 27-25.Македонските ракометари во ниту еден момент не го загубија водството,водеа убедливо,сепак на крајот Пољаците го доближија резултатот,но нашите ракометари силно се бореа до крај.Борко Ристовски 19 пати ја сочува мрежата,на натпреварот со Полска беше вистински јунак,па и сосема заслужено ја доби титулата Играч на натпреварот.Кирил Лазаров беше најефикасен во нашата репрезентација со 9 постигнати погодоци.Борко како вистинскиот јунак кој ја сочува мрежата 19 пати како што напоменавме,од македонците на социјалната мрежа фејсбук беше со шега секако именуван како новиот Министер за Одбрана на Македонија :) .
Натпреварот со Полска во првите 15-етина минути беше скоро ист како и на првите 15 минута на натпреварот со Данска.Но,за разлика од натпреварот со Данска овојпат не ја испуштивме големата предност од раце.Ја чувавме до крај,иако дојдовме на конец,на 2 позитива,а цела утакмица водевме со +4.Сепак,победивме!
Успеавме да влеземе меѓу првите 3 екипи во Групата И.Но,за да останеме меѓу тие,за да одиме понатаму ни треба победа над Србија.Одиме Македонки,Македонци! ОДИМЕ НА ПОБЕДА НАД СРБИЈА!!!

No comments:

Post a Comment