Sunday, January 22, 2012

Audi R8 Limo | Првата супер лимузина со V10 мотор.



Скапите супер автомобили се кул, екстремно брзи, имаат одлично ракување основано од истражувања од повеќе милиони долари и откако ќе ви помине меракот, можете да ги продадете на некој друг за многу пари. Но проблемот е тоа што може да повикате само еден пријател да се вози со вас.
“Limo Brokers” во В.Британија тврдат дека го имаат одговорот со една типично луда идеја. Да претворат едно Audi R8 во лимузина со 8 седишта и 8 крилести врати. Многу детали за автомобилот не постојат. Но повеќе од веројатно е дека оваа идеја ќе се реализира, а инженерите ќе имаат тешка задача во тоа. Погледнете го видеото да имате подобра претстава за што се работи.
Можете да погледате тука:
 http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=sCPXsxMuVno

No comments:

Post a Comment