Tuesday, January 17, 2012

Ја загубивме битката,но не и војната!


Македонската ракометна репрезентација го загуби дуелот против Германија која се бореше за победа,бидејќи само така можеше да се спаси од испаѓање.Нашата репрезентација не успеа да го држи резултатот до крај,па загубивме со 1 гол разлика односно 23-24.Но,сепак не е крај.Единствениот услов да продолжиме е да го победиме нашиот следен противник,а тоа е Чешката репрезентација.На изминатиот односно натпреварот со Германија,Исландските судии направија многу неправдини спрема нашите репрезентативци,со тоа што не важеа сомнителни фаули и по секоја цена гледаа да го продолжат нападот на Германската репрезентација.Но,сепак да не ѓи бараме кривците,изгубивме и веќе ништо неможе да се врати.Да гледаме пред себе,да гледаме пред победа над Чешка,чиј Селектор да не заборавиме изјави дека сме биле најголеми аутсајдери во групата.Убаво ќе беше да победиме и директно да ја избришеме Германија од првенството,но сепак тоа е тоа.Па одиме да му докажеме на Чешкиот Селектор и останатите дека не сме аутсајдери,да ја бодриме Македонската ракометна репрезентација до крај,за Македонија се ЖИВЕЕ,за Македонија се УМИРА.
МАКЕДОНИЈА се САКА,МАКЕДОНИЈА се ЉУБИ,и кога ПОБЕДУВА,и кога ГУБИ!

No comments:

Post a Comment